Пробајте го: Дали сте слушнале за „правилото од шест минути“ во сексот?
Новите истражувања покажаа дека не само што кулминацијата е важна кога се води љубов, важна е и предиграта.
Поточно, повеќето луѓе признале дека копнеат по малку акција пред и после водење љубов, а постои и т.н. магичен број за максимално задоволство - бројот шест.
Тоа е „шестминутното правило“, според странско истражување за секс и образование.
Во ова истражување беа опфатени 1.500 Канаѓани на возраст меѓу 18 и 24 години и се покажа дека оние кои минале шест или повеќе минути на предигра, односно допирање, бакнување и гушкање пред да водат љубов, биле многу среќни со нивниот сексуален живот.
Но, интересно е што дури и повеќе испитаници (56% од мажите и 55% од жените) се позадоволни од сексуалниот живот ако потрошиле повеќе време на предигра.