Роди близнаци, но ова не го очекуваше: Докторите трчаа да ги видат, таткото 10 минути зјапаше во нив, а вака изгледаат денес

Мајка родила идентични близнаци, но кога ги погледнала не можела да поверува колку се различни

Неодамна пишувавме за Шантел Бротон која го изненади целиот свет кога роди близнаци кои имаат различна боја на кожа.

Сепак, друга приказната за двајца браќа, идентични близнаци, не престана да го фасцинира светот од нивното раѓање.

Имено, малиот Даниел и Дејвид воопшто не личат, Даниел е црн со темна коса, а Дејвид има исклучително бледа кожа и златна коса – затоа што е роден како албино. Нивната мајка Стејси неодамна ја сподели својата приказна со јавноста и истакна дека по породувањето била изненадена како и сите други.


- Не знаевме за ова кога бев бремена, па беше големо изненадување и неверојатен момент кога првиот близнак излезе со црна коса, а вториот со златна коса. Докторите на прегледите ми рекоа дека имам целосно идентични близнаци – започна таа.


Но Дејвид има албинизам - ретка генетска состојба која погодува еден од 20.000 луѓе. Интересно е што Нигерија, каде што се родени овие момчиња, има највисока стапка на оваа состојба во светот, но сепак тоа е многу ретка појава.

Таа објаснила и како реагирал таткото на близнаците, но и дека медицинските сестри и докторите истрчале да ги видат, бидејќи и тие не можеле да поверуваат.


- Нивниот татко беше пресреќен, па веднаш го нарече Дејвид „Голден (Златен)“. Беше пресреќен кога ги виде. Стоеше повеќе од 10 минути, зјапаше во нив и рече дека тие му се најголемиот подарок досега – додала оваа среќна мама која освен близнаци има и постара ќерка.


Благодарение на нивниот необичен изглед и таа драматична разлика, овие момчиња набрзо станаа популарни на Инстаграм, каде што ги следат повеќе од 20 илјади луѓе. Стејси редовно објавува прекрасни фотографии и видеа од нив.

Мајката на близнаците вели дека и денес, кога ќе потпораснати луѓето им приоѓаат и сакаат да знаат зошто и како имаат толкава разлика меѓу близнаците.


- Понекогаш луѓето се непријатни, ме запираат на улица и прашуваат кое дете е мое. Вакви муабети секогаш се случуваат кога излегуваме. Луѓето се љубопитни, сакаат да знаат како се случило, заклучила мајката.


Фото: Инстаграм/ unsplash

Извор: Стилкурир