Жена роди близнаци и го шокираше светот: Кога ги здогледале, сите со неверување пристапиле да прашаат за што се работи

Шантел Бортон роди близнаци со различна боја на кожа. Мајката тврди дека бебињата на почетокот биле слични и дека разликата не се забележувала.

Шантел Бротон ги изненади сите со тоа што роди близнаци кои интересно се разликуваат еден од друг поради комбинацијата на генетски материјал што ги направи уникатни.

Имено, оваа 29-годишна жена има нигериски гени од таткото на нејзината мајка, додека нејзиниот сопруг е полујамајканец. Овој интересен спој резултираше со раѓање на близнаците Ајон и Азира, кои имаат различна боја на кожа. 

Додека едното бебе има посветла кожа, другото има потемна кожа. Нивната мајка Шантел тврди дека нејзините бебиња на почетокот имале „прилично сличен тен“, додека нејзината ќерка Азира со текот на времето добила значително потемн тен и кафени очи. Од друга страна, синот Ајон има бледа светла кожа и зелени очи.

Шантел вели дека луѓето често се „шокирани“ кога ќе видат близнаци затоа што претходно немале шанса да видат браќа и сестри со различна боја на кожа. 

„Луѓето и онака подзастануваат кога ќе видат дека имаш двојна количка затоа што се чини дека на сите им се допаѓаат близнаци. А потоа кога ќе забележат, тие едноставно се зачудени и прашуваат „дали се тие близнаци?“. Никогаш досега не сум видела такво нешто“, ги раскажува Шантел реакциите на луѓето.

Д-р Амир Кан во една емисија објасни како е можно близнаците да имаат различна боја на кожа.

View this post on Instagram

A post shared by Alinstante RD (@alinstanterdcom)


„Постојат две јајце-клетки и два сперматозоиди кои ги оплодуваат тие јајце клетки. Бојата на кожата е составена од околу 20 различни гени, и тоа е случаен асортиман. Значи, различен сет на гени ќе оплоди различни јајца, така што некој ќе има посветла кожа, некој ќе има потемна кожа и коса или потемни очи“, рече тој, додавајќи дека тоа се случува еднаш во 500 случаи кога станува збор за меѓурасни парови.

Докторот истакна дека нема многу вакви случаи и затоа нема многу студии за овие типови на близнаци. Тој исто така рече дека ќе се спроведе истражување кога станува збор за здравствените проблеми со кои би можеле да се соочат.

Мајката рече дека бебињата се многу блиски.

„Кога ќе ги ставиме во кревет заедно, некако ќе се погледнат. И секогаш се допираат со раце. Од моментот кога се родени, кога лежеа еден до друг, имаме толку многу видеа од нив се држат за рака“, рече таа.


Фото: Printscreen/Инстаграм