Сите гледаа во панталоните на Цеца: Изгледот од 20.000 евра направи хаос на премиерата за филмот „Недеља“
Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија се појавија заедно на црвениот тепих на премиерата на филмот „Недеља“.
Цеца и Анастасија се поклопија со модните комбинации, а двете се појавија во сиви карирани одела и актовки.
Постарата Ражнатовиќ овој пат се појави како нејзината ќерка во костум „Прада“ со интересни детали од пердуви на нозете. Цеца за оваа комбинација потрошила дури 9.100 евра, јакната ја чинела неверојатни 5.975 евра, додека панталоните 3.125 евра.
Со нив донела и црна буква-чанта од марката „Сен Лоран“ за „само“ 920 евра. Кога се ќе се собере, само за оваа модна комбинација за премиерата на филмот Цеца искеширала 10.000 евра.
Нејзината ќерка Анастасија била многу поскромна, па на сите им паднала во очи бундата од 3.000 евра и старата „чанта“ на Цеца, која ја носела неколку пати и чини неверојатни 6.000 евра.
Инаку, Анастасија за оваа прилика го промени имиџот и ја скрати косата, а сега премиерно прикажа ново издание.
Фото:Инстаграм
Извор: Kurir.rs