СОКОТ ОД КАЛИНКА - РЕЦЕПТ ЗА РАЗВОЈ НА ОВОШТАРСТВОТО НА ЈУГОТ НА МАКЕДОНИЈА

Добивај вести на Viber

Производството на природен и квалитетен сок од калинка може да придонесе за заживување и развој на овоштарството во јужните краишта на државата и да биде мотив поголем број земјоделци да се занимаваат со одгледување на оваа сорта овошје. Позитивен пример за ова е компанијата „Органик Нар“ од Богданци која минатата година започна со производство на сокот од калинка ART JUICE. За таа намена користеше калинки од сопствените овошни насади, но изврши и дополнителен откуп на околу 80 тони од локалните одгледувачи.

„Навистина сме среќни што продолжуваме една приказна која е автентична за југот на нашата земја. Климатските услови во јужните делови на Македонија се одлични за одгледување калинка, а квалитетниот сок од калинка, кој не содржи конзерванси и други адитиви е многу корисен за конзумирање и е производ кој е сè повеќе ценет и на домашниот и на странските пазари. Токму тоа беше главниот мотив да започнеме со производство. Чувствуваме одговорност да го пренесеме знаењето на нашите предци за здравствените придобивки од калинката, но и кон земјоделците и одгледувачите од кои ја откупуваме калинката. Тие, конечно добиваат пласман, а ние квалитетен домашен производ“, вели Александар Семенпеев од Органик Нар.

ART JUICE не е само приказна за здрав и природен сок од калинка, туку и бизнис иницијатива, која преку откупот и преработката на овошјето отвора нова страница во македонското земјоделство. Идејата да се отвори ваков производствен капацитет на југот на државата е еден вид win-win ситуација и носи бенефит и за компанијата, но и за земјоделците. Имено, Органик Нар ќе има пристап до суровина за сок во непосредна близина и без значителни транспортни трошоци, додека земјоделците обезбедуваат пласман за своето производство.

Доказ дека станува збор за инспиративна стартап идеја е фактот што иницијативата на Органик Нар е препознаена и поддржана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија преку проектот „Организациски развој на оддржливи бизнис модели за обезбеденост со храна во локалните заедници“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect.

За сокот: ART JUICE е сок произведен од најубавите домашни калинки одгледани во чистата средина на топлиот југ, во близина на Богданци. Сокот e добиен исклучиво само од зрната на калинката одвоени од кората и останатите делови на плодот. ART JUICE е исцеден од најубавите зрна полни свежина, сончевина и здравје. Без адитиви и додатоци, ART JUICE e богат со витамини корисни за кардиоваскуларниот и нервниот систем. Силното антиоксидативно дејство ја подобрува состојбата на кожата, меморијата и функционирањето на целокупниот метаболизам.


ПР објава