Венчаници во кои ќе посакате да кажете ДА

Добивај вести на Viber

Дизајнерките Ронита Пелег и Галина Шели започнале да дизајнираат прво облека за себе и своите пријателки, а потоа заедно го отвориле брендот за венчаници „Роналина“.


Двете дизајнерки бизнисот го започнале во салон со големина од 10 метри квадратни, за денес да бидат сопственички на огромен салон, во кој покрај изборот на венчаници е сместено и посебно катче каде истите се креираат.


Венчаниците се особено впечатливи по тоа што може да се носат и на вечерни забави, како и за прошетки низ плажа. Доколку сакате поинаков, а не типичен невестински изглед, сигурни сме дека ќе ви се допадне некоја од венчаниците на овој моден бренд.