Се запали автомобилот на Леонтина Вукомановиќ додека го возела: Еве ги деталите

Пејачката и текстописец Леонтина Вукомановиќ неодамна доживеала сериозна несреќа. Медиумите пренесуваат дека автомобилот во кој се возела се запалил, а таа доживеала сериозен стрес.

Како што се наведува, несреќата се случила додека Вукомановиќ рано изутрината се возела во Белград каде требала да биде почесен гостн на еден настан. Во текот на возењето нејзиното возило се запалило, па поради тоа била спречена да стигне до посакуваната дестинација.

На прашањето на новинарите дали има вистина во оваа приказна таа одбила да одговори.

- Извинете, не сум во можност да разговарам - кратко истакнала Леонтина за RepulbikaRs по несреќата што и се случила.

Инаку, Леонтина во последните неколку години се повлече од јавната сцена. Таа е посветена на работата со децата, но и на колегите со кои има одлична соработка.