1 час дневно спорт за подолг живот

Добивај вести на Viber

Научниците од Универзитетот Дјук во САД откриле како да го намалат ризикот од предвремена смрт. 

Истражувањето на Вилијам Краус покажува дека дури и кратки периоди на умерена или зголемена физичка активност се корисни за повеќето луѓе. Под умерена физичка активност се подразбира одење со темпо каде што е тешко да се зборува.

Оваа акумулирана 30 минути слична активност може да биде покорисна од половина час од вежби.

Научниците забележуваат дека 150 минути со умерена или 75 минути зголемена активност неделно би биле корисни за секого.

За истражувањето Краус и научниците од Националниот институт за онкологија ги анализирале податоците на 4840 лица на возраст над 40 години кои учествувале во национално истражување на состојбата на здравјето и исхраната. Од учесниците 4140 луѓе беа живи во 2011 година.

Студијата покажува дека оние кои биле физички активни помалку од 20 минути на ден имале најголем ризик од предвремена смрт.

Од групата која поминувала околу еден час дневно, ризикот од смрт опаднал за 57 проценти. Меѓу активните над 100 минути на ден, ризикот е намален за 76 проценти.

Краус забележува: "Колку повеќе време се посветувате на спорт, толку повеќе корист имате од овие активности."