1 мај е одлучен ден, подгответе се за ретроградно влијание на друга планета: Четири знаци ќе почувствуваат радикални промени

Добивај вести на Viber

Заедно со ретроградниот Меркур, кој ни донесе проблеми во комуникацијата и неочекувани технички неуспеси, планетата Плутон, симбол на довршување, но и повторно раѓање од пепелта, од понеделник е во истиот тек.

Во астрологијата, планетата Плутон е симбол на завршетоците и смртта, но и на повторното раѓање од пепелта. Тој често се нарекува еден од трите кралеви на судбината, заедно со Уран и Нептун. Плутон е природниот владетел на Скорпијата, односно осмата куќа на Зодијакот, која е симбол на регенерација, интуиција, потреба за моќ, тајно знаење, опасност, рана, операција, повреда, смрт, наследство и сите облици на имот не стекнати со сопствен труд.

На 23 март Плутон влезе во знакот Водолија, а на 1 мај ќе започне ретрограден курс кој ќе трае до 11 октомври 2023. Заедно со ретроградниот Меркур кој ни донесе проблеми во комуникацијата и неочекувани технички дефекти, Плутон ќе донесе трансформација , но и период на бунт, криза и револуција.

Ви откриваме кои 4 знаци од Зодијакот најсилно ќе го почувствуваат ретроградното влијание на оваа планета. Тој аспект, инаку, ќе трае до 11 октомври 2023 година, по што повторно го минува истиот пат при враќањето во Водолија.

Бик

Плутон во Водолија целосно ќе ви ја промени кариерата, но и начинот на размислување поврзан со работата. Тоа директно ќе влијае на вашиот статус, амбиции, позиција во општеството и ќе ве принуди да се откажете од некои поставени цели. Поминувате низ период на големи промени кои можат да бидат болни, но колку побрзо сфатите дека треба да се откажете од сѐ што е старо, од идеи до начини на заработка и да започнете нешто ново, толку подобро за вас. Плутон исто така ви дава можност да се збогатите, но само ако инвестирате во земја, земјоделство и сѐ што е поврзано со храна. На ова поле можете да го реализирате целиот свој потенцијал, а исто така ќе уживате во она што го правите наместо френетично да бркате пари.


Следна страна