10 МОДНИ МОМЕНТИ ШТО ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2018!
Изминатите 12
месеци бевме сведоци на различни модни моменти почнувајќи од дизајнерски креаци
на тениските терени , па сè до најхрабрите модни појавувања што ги
гледавме на црвените килими.
Целиот свет со нетрпение ја очекуваше кралската венчавка коja беше и еден од главните случувања оваа година. Меган воопшто не нè разочара кога зачекори во едноставниот бел фустан со долги ракави потпишан од дизајнерската куќа Живанши. Со тoа таа ја покажа својата скромност и приклучувањето кон кралското семејство.
Небесната мода на Мет Гала
Најважниот моден собир секоја година, овојпат го доби најдраматичното издание досега. Темата на на Мeт Гала беше „Небесни тела: Модата и католичката имагинација“. Па така, Карди Би изгледаше како светица, Зендаја наликуваше на Јованка Орлеанка, а Ријана се облече како модерна верзија на папата.
Необичната чанта на Џиџи Хадит
Познатата манекенка на Business of Fashion 500 се појави во фустан со интензивно жолто - портокалова боја. Но тоа воопшто не беше важно колку што беше нејзината впечатлива чанта. Проѕирна и со метална рачка, а во неа шампањско.
Ема Томсон во посета на Бакингемската палата
Оваа актерка е позната по тоа што преферира рамни чевли. Сепак, сите ги зачуди кога во на прием кај кралското семејство се појави во свечен костум и бели патики и успеа да ги разбие модните протоколи.
Настапот на Бијонсе на Коачела
Бијонсе оваа година на фестивалот Коачела воодушеви со својот настап, но и со изгледот. Таа дури 5 пати се пресоблече за време на настапот, а сите нејзини креации беа потпишани од модната куќа Balmain.
Серена Вилијамс на US Open турнирот
Серена на тенискиот турнир се појави во дизајн на познатиот креатор Вирџил Аблох. Таа најизменично носше два фустана во кои изгледаше како модерна балерина. Едниот беше во црна варијанта, а другиот со боја на лаванда.
Трудничкиот стил на Карди Би
Популарната раперка и пејачка е позната по својата неконвенционалност која ја прикажува и во нејзиниот стил на облекување. Додека беше бремена се појавуваше во тесни, провокативни и ексцентрилни комбинации.
Модната ревија на Ријана
Savage X Fenty, модната ревија за женска долна облека беше најзначајно случување на овогодинешната модна недела во Њујорк. Не толку поради дизјнот, колку поради манекенките што ги одбра Ријана. На пистата се појавија жени од различни возрасти со различна боја на кожа и килажа, некои од нив и бремени.
Лејди Гага на филмска премиера
Ниту една модна топ-листа не може да помине без Лејди Гага. Во Англија, на премиерата на филмот „Ѕвездата е родена“, пејачката се појави во креација на Александар Мекквин, украсена со пердуви, бисери и златни детали.
Венчавката на Пријанка Чопра и Ник Џонас
Прекрасната венчавка на оваа симпатична двојка траеше неколку дена и се чини дека цел свет го следеше развојот на настаните. Актерката и музичарот беа облечени во традиционална индиска облека за време на поинтимната церемонија. За време на другата церемонија, Пријанка носеше венчаница потпишана од Ралф Лорен.