10 причини зошто денот да започне со 10 витамини
Има ли нешто подобро од тоа за појадок одеднаш да внесете 10 витамини и секој од нив да има свој придонес за подобрување на вашиот имунолошки систем? Сето ова можете да го постигнете соредовниот појадок во вашиот дом, преку консумирањето на млекото и јогуртот од Битолска млекара, кои во себе содржат 10 витамини.
Еден е добар за коските, друг за видот, трет за косата и така со ред. Во продолжение погледнете детално, што секој од витамините содржани во овие производи придонесува за вашето здравје, а со тоа ќе ја откриете и причината зошто денот треба да ви започне со чаша млеко или јогурт во комфорот на вашиот дом.
1. Б1
Овој витамин е неопходен за правилен метаболизам на јаглените хидрати, масти и протеини, а исто така е неопходен за правилна работа на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Тиаминот го осигурува преносот на нервните сигнали, допринесува за правилен мускулен тонус и го подобрува менталното здравје.
2. Е
Овој витамин преставува антиоксиданс одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа.
3. Б12
Овој витамин учествува во многу процеси во организмот. Се користи за производство на генетски материјал, игра улога и во мозокот и нервниот систем, ја зголемува енергијата, а помага и при формирање на црвени крвни клетки.
4. Б7
Овој витамин е важен и за организмот затоа што учествува во претворањето на одредени хранливи материи во енергија, односно врши синтеза на протеини, јаглехидрати и масни киселини. Исто така, има многу важна улога за здравјето на косата, кожата и ноктите.
5. Б5
Овој витамин е неопходен за нормален раст и развој на телото, производство на црвени и бели крвни зрнца, развој на нервниот систем и правилно функционирање на надбубрежната жлезда. Исто така, ја подобрува и хидратантноста на кожата и го забрзува зараснувањето на раните.
6. Б9
Овој витамин помага при делбата на клетките. Неопходен е за образување на плацента и за изградба на коскената срж на ембрионот. Исто така е корисен и за спречување на анемијата.
7. А
Овој витамин помага во растот и развојот на здрав коскен систем. Неопходен е за добрата состојба на непцата, забите, косата и ноктите, а исто така ја подобрува состојбата и функциите на кожата и кожните жлезди.
8. Б6
Овој витамин е неопходен за синтезата или метаболизмот на скоро сите неуротрансмитери - хемиски материи во улога на комуникациски средства меѓу нервните клетки.
9. Д3
Овој витамин има витална функција за одржување на целокупното здравје и благосостојба на организмот. Важен и одговорен е за здрави и силни коски.
10. Б3
Овој витамин е неопходен за метаболизирање на шеќерот, мастите и протеините, за создавање енергија и ќелиско дишење. Исто така делува и на психичкото здравје.