11. Издание на Викенд Медиа Фестивал од 20. до 23. Септември

Добивај вести на Viber

На единаесеттото издание на Викенд Медиа Фестивал, кое ќе се одржи од 20. до 23. Септември, 2018 година, во старата фабрика за тутун во Ровињ, ќе се соберат професионалци од комуникациската индустрија од целиот Регион. На предавањата, панелите и работилниците ќе бидат опфатени сите тековни теми и трендови, од политика и дигитализација до книжевност и експедицијата до Јужниот Пол, предизвикувајќи голем број сериозни дебати.

„На овогодинешното издание на Викенд Медиа Фестивал ќе бидат опфатени навистина разновидни теми во рамки на предавањата и панелите, а воедно имаме и многу интересни фестивалски партнери, од Франција и Германија. Целаиот простор од старата фабрика во Ровињ ќе биде во духот на урбаните Париз и Берлин, а сите посетители ќе може да уживаат во нивната култура, уметност и начин на живот.“ – изјави г-дин Томо Рицов, Директорот на Фестивалот.

Оваа година Адрис групацијата повторно е партнер на фестивалот, кој со своето десетгодишно постоење од формирањето се потврди како омилено место за собирање на сите професионалци и љубопитни луѓе од комуникациската индустрија кои се отворени за нови знаења и искуства.


„Адрис Групацијата е домаќин и спонзор на Викенд Медиа Фестивалот уште од првиот ден. Оваа соработка за нас има неколку значења. На годишно ниво организираме над 130 конгреси и настани, од кои Викенд Медиа Фестивал е сигурно најголемиот, најпознатиот и најдолгиот настан, кој започна пред повеќе од десет години. Инвестициите од 4 милијарди куни вложени во развојот на туристичката понуда на Ровињ го ставија ова место на највисоко ниво, правејќи го се попосакувана и попрепознатлива дестинација за настаните во Регионот и во Светот. Во тоа голем придонес имаше и Викенд Медиа Фестивал. Фестивалот обезбедува одлична креативна енергија и ги носи најновите трендови во комуникациската индустрија во Ровињ, привлекувајќи неколку илјади гости, со што значително ја проширува туристичката сезона и е одличен начин за промовирање на дестинацијата“, истакна г-ѓа Кристина Миљавац, Лице за Корпоративни Комуникации од Адрис Групацијата.

Најисчекуваниот Викенд во првите десет години се позиционираше како омилена дестинација за собирање на сите професионалци во комуникациската индустрија, а ќе зачекори во втората деценија од своето постоење со уште поинтересна програма и поатрактивни награди за најдобрите Агенции од Регионот. Дел од богатата програма ќе биде посветена на земјите-партнери кои преку нивните предавања и изложби ќе го презентираат Парискиот шарм и Берлинскиот мултикултурализам, нивните уметници, интелектуалци и иноватори.

„На фестивалот, традиционално разговараме за промените на пазарот на локално и глобално ниво и се обидуваме да допреме малку подлабоко од површината на она што се случува околу нас. И оваа година собравме експерти од различни области кои ќе разговараат за теми кои ќе нè натераат да размислуваме. Од самиот почеток нашата цел беше да станеме место за креативност, информации за нови трендови и дискусии за теми релевантни за комуникациската индустрија. Мило ми е што денес колегите не препознаваат како такви и едвај чекам да видам каде ќе не однесат овогодинешните дебати од Викенд Медиа Фестивалот.“ - изјави г-дин Никола Врдољак, Директор на Фестивалската програма.

“Дали мојот мобилен телефон ме шпиунира?“ е прашање кое секој си го поставил бар еднаш до сега од официјалното пристигнување на “паметните“ телефони на пазарот. Што се може да направи телефонот без наше знаење и дозвола, ќе открие г-дин Ален Делич, Водечки Консултант за Информациска Сигурност од Компанијата Диверто во рамки на предавањето “Му верувате ли на својот телефон?“. Претставник од Парламентот на најверојатно најдигитализираната земја во светот – Естонија, г-дин Кали Палинг, во рамки на предавањето “Дигитална Република Естонија“ ќе говори за тоа какво е чувството да управувате со својот живот онлајн, додека г-дин Дејан Верчич, Партнер и Директор за Развој и Наука од Словенечката Компанија Сартком, како дел од предавањето “Комуницирање по зборот“, ќе објасни како комуникацијата ја вративме на самиот нејзин почеток – слика – и како тоа влијае врз комуницирањето денес. Во рамки на мултимедијалното предавање “Поларен сон – Прва хрватска експедиција на Јужниот Пол“, г-дин Давор Ростухар, познат хрватски авантурист, ќе покаже како да ги поместите сопствените граници и низ што се треба да поминете за да ги исполните своите соништа.


Како дел од предавањето „Агрокор - Дали медиумите му беа од помош или не на Лекс Агрокор“, ќе го анализираме известувањето за Лекс Агрокор и кризата околу „Борг Груп“. Распадот на „Агрокор“ исто така, претставуваше и исчезнување на „Унекс“, кое речиси немаше релевантна конкуренција на рекламниот пазар по згаснувањето на “Дигител“. Како исчезнувањето на “Унекс“влијае на медиумскиот пазар - кој профитираше, а кој изгуби, ќе дознаеме од панелот „Животот по Дигител и Унекс“.

На панелот „Парите никогаш не спијат; Преструктуирање на медиумскиот пазар“ клучните луѓе од регионот ќе ги анализираат аквизициите што ја променија медиумската сцена и ќе објаснуваат што ова значи за понатамошниот развој на медиумите, додека водечките советници за комуникации на премиерите и претседателите од Регионот, како дел од панелот „Западно крило - Како да се советува претседателот“, ќе дискутираат за важноста на улогата на ПР професионалците во кариерата на политичарите - колкаво е навистина нивното влијание и дали нивните клиенти ги слушаат.

Кристијан Новак, најбараниот автор на денешницата, во неговото предавање ќе разговара како од анонимно момче од Меџимурје, со неговите дела дошол на листата на училишни лектири и ги отворил сите теми за кои му рекле дека не смее.

Оваа година, како дел од Викенд Медиа Фестивалот ќе се и одржи “BalCannes“, а агенциите од целиот регион може да ги пријават за учество своите проекти најдоцна до 1. Септември, 2018 година. На седмото издание на “BalCannes“ ќе се одберат 25-те најдобри комуникациски проекти од целиот Регион. Најдобрите од нив ќе освојат специјални награди од жири комисијата – “BalCannes“ лавови, додека најдобрата агенција од регионот ќе добие специјална награда – учество во рамки на Меѓународниот фестивал за креативност “Cannes Lions 2019“. Организаторите на “BalCannes“ - Хрватската Асоцијација на Комуникациски Агенции (HURA) и Викенд Медиа Фестивалот, ќе ги подмират трошоците за аплицирање на еден проект во рамки на натпреварот во “Cannes Lions 2019“ за најдобрата агенција - победник.


Најважната регионална дигитална награда, “SoMo Borac“ и оваа година ќе биде доделена во рамки на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ. Ќе дознаеме кој ги има најдобрите кампањи за социјално вмрежување, најдобрите веб-сајтови и мобилни апликации, а исто така ќе дознаеме и кој доминира во маркетингот на содржини (контент маркетинг). Покрај ова “SoMo Borac“ наградите ќе се доделуваат во девет категории. Најдобрите од нив ќе се изберат со помош на големо жири, составено од дигитални експерти од најистакнатите агенции во регионот. Апликациите се веќе започнати и ќе траат до 5. Септември.

Покрај конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа Фестивалот е познат и по своите најдобри изведувачи. И оваа година сите присутни гости ги очекуваат различни музички програми и дружење до раните утрински часови.