12 грешки кои ги правиме во теретана

Добивај вести на Viber

Неколку месеци пред почетокот на летото, сите решивме да тргнеме во теретана или да почнеме интензивно да тренираме. Но не секогаш го правиме тоа правилно.

Во продолжение откријте 12 грешки што треба да ги избегнувате во вежбањето за да се спречат повредите и болките.

Претерување

Ако сега почнувате во теретана, полека, од нагло и интензивно започнување на вежбањето ќе имате повеќе штета отколку корист, и веројатно наредните недели ќе ги поминете со воспалените на мускулите.

Го прескокнувате одморот

Мора да си дадете одмор за време на вежбање, но и цели денови за одмор и обновување на мускулите.

Недостаток на знаење

Немојте да мислите дека сите справи се едноставни за користење. Ако сте тргнале во теретана, задолжително побарајте ги вработените да ви покажат како правилно да ги кориситите сите уреди.

Неправилни техники на вежбање

Вежбите кои не вклучуваат справи, исто така, може да бидат опасни ако не се извршуваат правилно. 

Копирање на туѓ тренинг

Ова е многу честа појава. Сосема е нормално да се види што прават другите во теретана, но немојте да копирате други обуки. Сите се во теретана со разни цели и потреби, затоа адаптирајте го тренингот на себе.

Рутина

Ако со месеци ги работите истите вежби во теретана, веројатно во еден момент повеќе нема да видите напредок, затоа консултирајте се со тренер и внесувајте новини во рутините секој месец.

Занемарување на некои групи на мускули

Грешката која многумина ја прават е што се фокусираат само на големи групи на мускули, поради што помал број групи на мускули страдаат што може да предизвикаат повреди и болки.

Прескокнување на загревањето

Сите сакаме моментални резултати, но загревањето е неопходно за успешно тренирање и видливи резултати. Издвои најмалку петнаесет минути за кардио вежби за загревање.


Занемарување на исхраната

Немојте да мислите дека само поради тоа што вежбате можете да јадете нездрава храна. Исто така, немојте да се истоштите со ригорозни диети. Здравата и разновидна храна и доволен внес на протеини се потребни за видливи и одржливи резултати.

Занемарување на хидратизацијата

Водата е клуч за секој тренинг. Не заборавајте да се хидратизирате за време и по тренинг, за да избегнете непријатни мачнини.

Истегнување

Истегнувањето пред, за време и по тренинг е неопходно за правилно тренирање. Ако заборавате на истагнување, внесете пилатес или јога во вашата седмична рутина.

Погрешна опрема

Ако имате неквалитетна обувка, имате повеќе штета отколку корист од било кој облик на тренинг. Размислете кои се вашите потреби и купете квалитетна гардероба и квалитетни патики за во теретана.