12 СОВЕТИ ОД РУСКИОТ ПСИХОЛОГ МИХАИЛ ЛАБКОВСКИ: Како да не дозволите училиштето да го уништи детето
Михаил Лабковски, популарниот руски психолог, им дава совети на сите родители како да го направат најдоброто за своето дете. Како да одберат училиште, за тоа дали треба да се расправаат со учителите и во кој момент детето треба да се остави на мир.
Совет број 1
Детето не треба со ништо да се оптоварува пред да тргне во училиште. Не запишувајте ги на курсеви за шах или странски јазици. До 6-7 година мозокот на детето физиолошки не е подготвено да прима голема количина информации. Вие ќе изгубите пари, а детето ќе го изгуби детството.
Совет број 2
Немојте уште на старт да барате некое многу квалитетно училиште. Во пониските одделенија за детето најважно е да го постигне психолошкиот комфор. Затоа одберете нормално училиште, некаде во близината на вашиот дом. Детето не треба да троши време и сила за одење и враќање и полесно ќе му биде да ги изгради односите со пријателите во класот.
Совет број 3
Првата учителка не треба да биде строга туку добра. Потребна е учителка која ќе ги сака децата и ќе ја сака својата работа. Затоа, пред да го запишете консултирајте се со родителите на другите ученици.
Совет број 4
Училиштето е одговорност за вашето дете, а не ваша одговорност. Можете да земете одмор првите две недели на почетокот додека е прво одделение
Совет број 5
Престанете да се прашувате што се случило на секој час и претерано да реагирате на оценките. Темата за училиште нека ви стане табу. Ако детето сака да разговара, разговарајте, ако не сака, не треба со клешти да му ги вадите зборовите од уста.
Совет број 6
Домашните задачи не треба да ги работите со детето. Не треба вие да му ја подготвувате торбата. Ако нешто заборавил, не треба вие да водите сметка за тоа. Мислите малку на себе. Тоа дете треба да се грижи за вас кога ќе дочекате длабока старост. Ако вие правите сè за него, тоа во иднина ќе му биде товар на него.
Совет број 7
Се разбира дека можете да му помогнете на вашето дете на начин на кој вие нема ништо да преземете први. Тоа треба прво да се обрати кај вас. Во никој случај не прашувајте го вие први дали е сè в ред. Ако детето не прашува ништо, значи дека сè е в ред.
Совет број 8
Ако учителот не ги сака вашите деца, проблемот мора да се реши. Пробајте да разговарате со учителот, а потоа и со директорот. Доколку немате идеја, можете да го преместите детето во друго одделение или, пак, во друго училиште. Во никој случај детето не треба да го оставите во состојба на долг перманентен стрес.
Совет број 9
Пубертетот е најтежок период во животот на вашето дете. Почнува некаде од 12-14 и трае до 15-16 годишна возраст. Во тој период се случуваат сложени психички и физички промени, како хормонален дисбаланс, психолошки проблеми и замор.
Токму на таа возраст децата ги полагаат приемните испити. Детето може да има лош успех, но и од одличен ученик да стане просечен. Мојот совет гласи: Ако не сакате конфликт и потешки проблеми, вклучувајќи и обид за самоубиство, оставете го детето на мир. Ваша задача е тој период да мине што е можно помирно.
Совет број 10
Не треба да се доаѓа во отворен конфликт со училиштето. Многу веројатно е дека ќе ја изгубите битката. Кога ќе ве повикаат на разговор и ќе ви зборуваат за некое добро училиште, сложена програма и потреба да се занимавате со детето, не спротивставувајте се. Согласете се. И продолжете да си работите по свое.
Совет број 11
Не е неопходно специјално да се развива талентот на детето ако тоа самото не го сака тоа. Талентот треба да им овозможи радост, а не да се искористува. Не треба да го притискате детето и да барате педагози кои ќе ви дадат одговор на прашањето за што е талентирано детето. Најчесто нема да добиете одговор кој ќе ви биде од голема корист.
Совет број 12
Најважно е да научите дека не треба да очекувате ништо од своето дете. Не е важно дали ќе учи. Сакајте го онакво какво што е и без оглед на тоа што ќе го работи во иднина. Кога ќе има 15 години, ќе ви биде потешко за разлика од периодот кога имало пет. Детето не треба да ви предизвика некаква одбивност. Но, за да ве засака, треба прво вие самите да се сакате себеси.