,

13. БЕЛА НОЌ 2017

Добивај вести на Viber

Денес ќе се одржи 13-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ на неколку точки во градот. Во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде поставена изложбата на графики од генијалниот Салвадор Дали, „Помеѓу ѕвездите и басните“. Кколекцијата е сочинета од дела од опусот „Вечерите на Гала“, „Божествената комедија“ и познатите Далиеви коњи, како и една скулптура во позлата, наречена „Жена жирафа“ или вкупно 29 дела од најголемиот надреалист. На Плоштадот Македонија, во 21 часот, фантастичната корејската трупа Tago&АtoBIZ ќе го претстави својот музички спектакл, перформансот „Таго: Корејски тапан 2“. Во горното фоаје на кино Фросина, во Младинскиот културен центар, ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“. Авторскиот тим Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка и Јелена Живковиќ, историчарка, ги претставуваат љубовните тајни на некои од најголемите имиња на револуциите. На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат: – Barbarisms – тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне; – Conquering Lion – даб/реге/кросовер бенд од Тетово, кој своето творештво го започнува во април 2007; – Ninos Du Brasil – перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика; Во Џебното Кино на МКЦ соло-настапот на Алекс Јонсон од Данска, наградуван гитарист, композитор и импровизатор. Градското Кино МИЛЕНИУМ нуди бесплатен филмски маратон за БЕЛА НОЌ, а за љубителите на филмаската уметност  го носи новиот филм на режисерката Лабина Митевска.