13 ситуации во кои е најдобро свекрвата да не преговара
Врската помеѓу свекрвата и снаата е затегната и честопати е
извор на расправии и кавги.
Со оглед на тоа што врската мајка и син е обично силна, снаата е таа која обично го извлекува подебелиот крај во семејните кавги.
Може да ја препознаете вашата врска во овие ситуации и да знаете дека е подобро во некои ситуации да прекутите како свекрва и да го гризнете јазикот отколку да преговарате.
· Кога без најава ќе ви затропаат на врата, а куќата е во тотален хаос
· Кога на децата им рековте „не!“, а свекрвата мисли дека се слатки кога се качуваат на маса или играат фудбал во дневната соба.
· Кога додадовте неколку килограми
· Кога купивте нова чанта затоа што живеете за шопинг (а мотото на вашата свекрва е „живеј за да заштедиш“)
· Кога сте на диета , а таа ве пречекува со пржени компири
· Кога ја печевте „нејзината“ познатата торта, но не ви успеа. Глазурата е распукана, тестото е премногу тврдо, а кремот протекува низ целата торта
· Кога никој не ја праша за совет или не побара нејзино мислење
· Кога се жалите за нејзиниот „прекрасен“ син.
· Кога ве критикува а децата го слушаат тоа
· Кога се расправате со вашиот партнер, а тој се обраќа кон мама и ја прашува: „Така ли е мамо, нели сум во право?“
· Кога не ги правите работите онака како што свекрвата мисли дека треба да правите, од миење салата до одгледување и воспитување деца
· Кога не ги применувате сите нејзини корисни совети како да организирате работи во кујната
· Кога за прв пат ја поканивте на Божиќен ручек и ја прашавте дали може патем да купи замрзната торта од супермаркетот?
Свекрвата треба често да го гризе својот јазик за мир во домот. Барем, ако и вие тоа го правите. Свекрвите најчесто мислат „ах, некои деца живеат на свој начин. Ќе го кажам она што мислам ако ме прашаат за совет ...“ Ви посакуваме таква свекрва.