15 работи кои ги сфаќате ако сте мајка

Некои работи само мајките ги разбираат. Кога по цел ден го чувате своето бебе, начинот на кој го набљудувате светот се променува од корен и наскоро сфаќате дека е во состојба да ве разбере само некој кој го загрижуваат истите секојдневни грижи како и вас.

  • Почнавте да говорите „ние“: „Јадевме“, „Ние сме болни“, „Ни падна забче“ (иако лично ги имате сите заби на место).
  • За 7 минути направите многу работи отколку што останатите прават за цел ден.
  • Кога децата одат в кревет, можете да правите што сакате. На пример, да ги исперете алиштата, да ги измиете садовите итн.
  • Кога се сретнете со пријателите, често зборувате за своето бебе и како ви недостига.
  • Петнаесетминуто туширање со затворени врати за вас е како ден во спа центар.
  • Во состојба сте да правите неколку работи истовремено: да правите вечера, да го доите бебето, разговарате на телефон и да ја гледате својата омилена серија.
  • Повеќе ве возбудува размислувањето за спиење отколку за водење љубов.
  • Можете да слушнете како вашето дете кивнало, дури и ако е пола ноќ, вратите се затворени, а вашиот маж е покрај вас.
  • Детските работи ве интересираат повеќе од облека за возрасни.
  • Би биле подготвени да се менувате со детето веднаш штом забележите дека добило висока температура.
  • Одеднаш забележувате голем број на сообраќајни опасности: дупка, опасно соседно куче, исечени дрвја...Беа ли овде претходно?
  • Сфаќате дека можете да гледате ТВ само кога вашите деца се во кревет подолго од 30 минути.
  • Одмор е кога одите во продавнца сами, без деца.
  • Му честитате на детето кое отишло во тоалет како да освоило трофеј.
  • Секоја играчка која ја видите ја проценувате по критериум-колку минути може да го занимава вашето бебе.