15 години посветеност, стручност и професионалност Ординација„д-р Анчевски“
15 ноември започна приказната за ординација д-р Анчевски. Тоа беше време во кое дерматологијата во приватниот сектор не беше многу застапена. Идејата на сопствениците проф. Александар Анчевски и проф. Љубица Шутуркова беше, за првпат во нашата земја да се обезбеди сеопфатност на услуги кои би интегрирале дерматовенерологија и естетика на начин или по пример на развиениот западен свет.
Нашата визија беше да се постане лидер во дејноста, признаен од страна на пациентите – клиентите, како и од колегите лекари како најдобро место да се добие здравствена услуга за било која состојба на кожата. Како резултат на тој пристап зад себе имаме повеќе од 100.000 задоволни пациенти од земјава и од странство. Статистичките податоци говорат дека во просек околу 7000 луѓе годишно минуваат низ ординацијата и прават прегледи и третмани од областа на дерматологијата, естетско козметската дерматологија и дерматохирургијата.
Стручниот тим е составен од специјалисти дерматовенеролози кои се обучувани во познати светски центри и постојано се надоградуваат во своето професионално поле. Ординацијата се состои од три дела: центар за дерматовенерологија со дерматохирургија, естетско-корективна дерматологија и центар за нега и третмани на коса. Во изминатите 15 години, „д-р Анчевски“ воведе техники кои беа и останаа единствени во Македонија.
Во делот на дерматовенерологијата се спроведуваат прегледи и терапија на сите кожни заболувања, дијагностика и третмани на периферни крвни садови, алерголошки тестирања, компјутеризирана дерматоскопија на бенки и нивно отстранување и радиобранова терапија.
- Компјутеризираната дерматоскопија дава уникатна можност промените на кожата да се анализираат и потоа да се зачуваат за понатамошно споредување со што навремено се детектираат промени кои водат кон карцином.
- Во ординација др Анчевски има можност за отстранување на голем број кожни промени на два начина, со класична дерматохируршка техника и со радиобранова технологија во зависност од проценката на лекарот дерматолог. Вториот метод во светот и кај нас доби голема популарност и е во предност пред другите методи бидејќи отстранувањето е брзо, регенеративниот процес е многу побрз и остава минимални белези.
- После неколку години од отварање на ординацијата, го промовиравме и нашиот центар за нега и пресадување на коса, каде што се вршат прегледи и дијагностика на сите состојби и проблеми поврзани со косата и скалпот. Во центарот се спроведуваат третмани за обновување и раст на коса, третмани за оштетена коса, третмани за нега на сува коса, кршлива коса, хемиски третирана коса, масна коса, коса со првут, ласерски третмани, мезотерапија, PRP за спречување на опаѓање коса, пресадувања на коса како и најновата мезотерапија со лекови за андрогенетска алопеција.
Споредувајќи ја ситуацијата пред 15 години и сега впечатокот е дека Македонците денес многу повеќе се отворени кон естетските и козметичките третмани кои некогаш беа табу тема.
Естетската дерматологија ја промовиравме и ја работиме успешно од самото отварање. Тоа е поле кое најбрзо се развива и го пратиме во чекор со светските збиднување и најнови техники. Во делот на естетската дерматологија работиме современи процедури за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс, различни типови на филери спрема индивидуалните потреби (филери за пополнување на усни, јагодици, образи, врат, раце, филери за корекција на подочници, за корекција на нос) како и освежување со мезотераписки коктели, пилинзи, PRP и комбинација на повеќе ласерски техники.
Ординација „д-р Анчевски“ нуди широка палета на услуги со примена на најсовремена ласерска технологија. Отстранување на влакна со најефикасниот апарат за ласерска епилација Soprano Ice Platinum, затегнување на кожата на лицето и вратот со Clearlift технологија,oтстранување на капилари и венули со Nd-Yag, корекција на лузни од акне со Erbium, Pixel и Blue Light,отстранување на тетоважи со Q-switch, oтстранување на хиперпигментации со Dye laser и Q-switch (Nd Yag),oтстранување на црвенило, проширени капилари и хемангиоми на лице и тело со Dye laser,затегнување на кожа на лице и тело, топење на масти и целулит со Accentи BTL Exilis,третирање габични инфекции на нокти со Q-Switch.
Ласерскиот центар од неодамна се збогати за уште еден успешен третман со NIR технологија за освежување и рејувенација на лице и врат или тн Пепелашка третман. Тој дава брзи резултати и идеално се надополнува со Clearlift третманот за постигање на колагенска стимулација која трае долго. За сега сите овие техники се единствени од ваков вид во Македонија.
Ласерското отстранување на влaкна на почетокот беше со скромен број на пациенти, но низ годините бележи постојан раст. Сепак тоа се должи на еден од најдобрите ласери на светскиот пазар, а се користи во нашата ординација, на стручноста на нашиот тим како и на сè поголемата информираност на клиентите за безбедноста и ефикасноста на третманот. Soprano Ice Platinum технологијата го уништува влакнениот фоликул со трипла технологија и најблиску доаѓа до третман и на светлите влакна од сите до сега познати ласери.
Во последно време третманот е сè повеќе актуелен и кај машката популација.
Воедно нагорен тренд е забележлив и кај третманите за нехируршки лифтинг со филери и ботокс што е резултат на широката палета на различни продукти за примена скроени според индивидуализираните потреби на пациентите како и на професиналноста на докторите во ординацијата и врвниот квалитет на продуктите што се користат.
15 години сме посветени на здравјето и убавината на нашите пацинети, нашиот став е да продолжиме и понатаму во иднина, најпрофесионално да се грижиме за пациентите, да бидеме во чекор со светските трендови, да вложуваме максимално на себеусовршувањето, а сето тоа да биде посветено на нашите пациенти, се со цел да продолжи и понатаму да расте бројот на задоволни клиенти.
Доц. д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматовенеролог
Ординација д-р Анчевски
*ПР објава