151 година од раѓањето на Гоце Делчев: Која била неговата несудената свршеница - Јустинијана Каневчева Герџикова?

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“

Денес се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Една жена ќе остане запишана како жената која Гоце најмногу ја сакал - Јустиниjана Каневчева Герџикова, попозната како Јанка Каневчева (11 јуни 1878 - 3 март 1920) е заведена во аналите на историјата како македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.

Родена е во Охрид во 1878 година. Каневчева влегува во Организацијата и учествува во револуционерната женска група МРО/ТМОРО на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова, подоцна сопруга на Климент Шапкарев. 

Го потпомагала дејствувањето на ТМОРО, меѓу другото и со испраќање облека за четите, преписка и други потреби за Организаијата. 

Била блиска пријателка на Гоце Делчев и негова свршеница, но по неговата смрт се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков.Се вели дека биле многу вљубени и дека тој често ја посетувал но и дека поради воената ситуација немале многу можност за заеднички мигови. 

Вереницата на Делчев кога дознала за неговата смрт следните неколку години ќе ги помине во црнина, иако била девојка; тој и таа си имале дадено збор само меѓу себе, без обврски и без сведоци. 

Потоа се мажи за друг, му раѓа деца, но ќе остане запишана како жената која Гоце најмногу ја сакал.