20.000 жени од општина Шуто Оризари од денеска имаат матичен гинеколог
После многу години, 20.000 жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог Министерството за здравство набави и опреми специјалистика оринација со што се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, посочи минситерот д-р Венко Филипче, кој присуствуваше на отворањето на гинеколошката ординацијата.
-Навистина ми е мило што еве денеска можеме да одбележиме еден сметам навистина значаен настан, нешто што ќе значи многу полесен пристап кон здравствена заштита, а тоа отворањето на гинеколошка ординација во општина Шуто Оризари. Со ова на близу 20.000 жени коишто живеат во оваа општина ќе им се овозможи пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи и се тоа што значи квалитетна здравствена услуга во делот на таа специјалност. Ние направивме сериозни напори изминатите неколку месеци, од страна на Министерството за здравство набавивме посебна специјалистичка опрема во вредност од 39.000 евра. Таа гинеколошка ординација е целосно опремена според најсовремените стандарди со посебен стол, одредени апарати во делот на клопоскопија, најсовремен ехо апарат - рече Филипче.
Детали читајте на Фактор, тука.