2021 ГОДИНА: ХОРОСКОП за крај на страдањето скоро кај сите знаци
ОВЕН
Некои од вас ги чека зголемување на надоместоците или нови можности за дополнителни приходи во првата половина од годината. Ослободете го целиот свој потенцијал, за да ја подобрите финансиската состојба во втората половина на 2021 година. Во јули ве очекуваат семејни бенефиции и поводи за славење, возбудливи патувања во земјата и странство. Успеси во обука и публикации, многу комуникации, награди, можности за купување автомобили кај некои од претставниците на знакот.
БИК
Вие сте меѓу најголемите среќници во зодијакот до јули месец. Многу од вас ќе создадат свое семејство, ќе се појават деца или внуци во семејството, ќе се радуваат на успешни настапи и унапредувањата во службата. Во јануари, април и јули грижете се повеќе за безбедноста, за своето здравје и за најблиските. Избегнувајте конфликти и не ризикувајте. Втората половина на 2021 година исто така е многу позитивна за вас. Ве очекуваат многу бенефиции, љубов и среќни моменти.
БЛИЗНАЦИ
Околу вас животот ќе врие во првата половина на годината – пишување, решавање на документи, патувања, комуникации во земјата и странство, договарање, купо-продажба. Успеси, зголемена активност и повеќе бенефиции можете да очекувате во април, август и октомври. Во февруари и август бидете внимателни зад воланот. Избегнувајте ризик. Од август ќе уживате среќа и раст, настапи и профит – Јупитер ќе ви носи повеќе можности и успеси. Мора да внимавате на тежината во јули!
РАК
Вам Јупитер во првата половина на годината ви носи среќа и нови можности, поддршка од страна на роднини и пријатели. Не е исклучено некои од вас да преминат во совршено нова насока во животот и да доживеат важни промени. Првата половина на годината не е погодна за финансиски инвестиции, трошете разумно пари. Во втората половина на годината ве очекуваат повеќе семејни обврски. Пронајдете време и за себе. Спортот, излети во планина, медитација и сите креативни активности ќе ви се одразуваат позитивно.
ЛАВ
Моќ во текот на првата половина на годината поминува низ вашиот знак. Тоа активира енергија за акција во која било насока. Ја зголемува и сексуалноста. Бидете сепак внимателни во јануари, април и во јули, ако имате до себе постојан партнер. Можни се грижи околу партнерот, раскол во семејните и бизнис партнерства, како и директна конфронтација со противници. Не ризикувајте во ништо. По јули периодот е многу порелаксиран. Ќе добивате поддршка од ѕвездите и од блиски.
ДЕВИЦА
Годината ви носи ограничувања, ве лишува од некои работи кои ви одземаат многу енергија. Венера ќе ве поддржува во првата половина на годината и ќе ви обезбедува можности – контакти со странци, успешен почеток или завршување на обуката, појава на внуци и патувања. Во месец јули избегнувајте конфликти на работното место со колеги и претпоставени. Некои од вас ги очекуваат промени во работата – скратување на платата или унапредување. Работете одговорно, мора да внимавате на здравјето и односите во семејството во август. Ќе имате енергија и сили, за да се справите со важни обврски во август.
ВАГА
Годината не е најлесна за вас. Во првата половина на годината може близок човек да има потреба од грижа и внимание. Марс ви носи финансиската и морална поддршка на луѓето. Дава можности за добивање на наследства. Подгответе се за распоредување во јули, кога планетата на среќата и растот Јупитер ќе оформи многу поволен за вас аспект кон Сонцето. Ве очекуваат нови можности и настапи, патувања и контакти со странство, успеси при решавање на правните прашања. Во август може да си дозволите и да започнете некој нов потфат. Среќата ќе биде со вас.
ШКОРПИЈА
Во јануари не превземајте било каков ризик, возете мудро. Внимавајте во односот со членовите на семејството и со деловни партнери. Во април може близок човек да има потреба од нега или лекување, да се појават проблеми во домот или на работното место. За време на јули ќе биде мирна и можноста за успешно решавање на акутни прашања – поголема. Ќе добивате поддршка од Јупитер. Некои од вас може да се здобијат со наследство, а други – да повлечат кредит од банка. Работете напорно оваа година, за да ги берете плодовите на својот труд во втората половина на 2021.
СТРЕЛЕЦ
Кај некои Стрелци почнаа кардинални промени, најмногу во кариерата. Довршете ги започнатите службени обврски и иновации во канцеларијата и дома до крајот на месец јули. Првата половина на годината ќе биде поуспешна, со многу нови можности, патувања и плодна комуникација. Во втората половина на годината обрќајте повеќе внимание на постојаниот партнер. Некои од вас ќе се задомат, а кај други не се исклучени и промени во семејството, појава на второ дете и повеќе одговорности како дома, така и на работното место. Не ризикувајте во август.
ЈАРЕЦ
Вие сте галениците на судбината во 2021-та. Овие позитивни промени и настани почнаа уште во втората половина на 2020 и продолжуваат во првата половина на 2021-та. Некои од вас се сретнале или до средината на оваа година ќе се сретнат со љубовта на својот живот. Други ќе се радуваат или веќе 2020-та ги е израдувала со појава на дете. Продолжувате до крајот на јули во овој дух – со многу успеси, среќа во секое поле и љубов, се разбира. Втората половина на годината исто така е каде-каде повеќе среќна за вас отколку за други знаци. Но, ве чека здрава работа. Не бегајте од одговорност!
ВОДОЛИЈА
Ќе треба да се вооружите со трпение во првата половина на годината. Не брзајте и не превземајте ризични дејства. Можни се конфликти со партнери и противници. Загрозени се и интимните врски. Во април бидете внимателни зад воланот и за други непријатности или инциденти. Од август до крајот на годината периодот е многу мирен и успешен. Јупитер ќе внесе страст во љубовните односи, а некои од вас ќе се радуваат на појавата на деца во семејството.
РИБИ
Трпението и упорноста се вашите силни страни. Работете напорно и ќе се истакнете успешно во првата половина на 2021 година. Овој период е многу позитивен за вас на секое поле. Ве очекуваат нови познанства, пријатни изненадувања од роднини и пријатели, а некои од вас и нов дом. Од август натаму, сепак, мора да сте многу умерени во своите постапки и во исхраната. Јупитер ќе биде во негативен аспект кон Сонцето, може да треба да решавате проблеми и спорови во судница. Почитувајте ги сите закони.