22.000 долари во една комбинација: Стилот на Меган Маркл го одвлече вниманието од новиот конфликт со кралското семејство

Целиот свет пишуваше за одбивањето на кралицата Елизабета Втора да дозволи да се положи венец на паднатите британски војници на Денот на сеќавањето во име на отсутниот принц Хари... и тогаш во оваа комбинација се појави Меган!

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, не беа вклучени во официјалното одбележување на Денот на сеќавање, еден од најважните датуми во календарот на британското кралско семејство.
Бидејќи парот реши да се повлече од функцијата, и во моментов живеат во САД, па, како минатата година, овојпат не им оддадоа почит на британските војници убиени во светските војни во Лондон, а медиумите објавија пред неколку дена дека Принцот Хари сакаше да испрати венец кој некој ќе го положи на негово име. Палатата го одби ова барање, што го „растажи“ војводата од Сасекс, пренесоа медиумите.
Тој и неговата сопруга, сепак, најдоа начин да го одбележат овој ден - ги посетија Националните гробишта во Лос Анџелес, каде положија цвеќе, а Хари остави порака:
- На сите што служеле и служат. Ви благодарам.


Еден ден подоцна, главната вест во врска со Хари и Меган е, како и обично, е комбинацијата што војвотката ја подготви за оваа пригода! Избраничката на Хари не штедеше, па носеше црн капут од Брендон Максвел вреден скоро 4.400 долари, над кое стави ремен на Елизабет Френки за кој издвои повеќе од 300 долари, нејзините салонки Џенифер Шаманди, која чинат повеќе од 1.120 долари, а медиумите додадоа дека дел од оваа стилско издание е и рачен часовник „Картие“ вреден повеќе од 7.430 долари и нараквица платена скоро 7.900 долари.


извор:glossy.espreso.rs

Ексклузивно фото: Меган е повторно бремена - наскоро ќе се породи!