23 години, често позира топлес, трн во око за Шакира: Која е новата девојка на Пике?
Не поминаа ни три месеци откако Шакира и Пике ставија точка на својата љубов, а славниот фудбалер веќе му ја покажа на светот својата нова избраничка - студентката Клара Ки Марта. Парот неодамна беше фотографиран како страсно се бакнува на музички фестивал во каталонскиот град Пучсерда.
Фудбалерот Жерар Пике е „фатен“ како разменува страсти со 23-годишната студентка Клара Марти на фестивал во Каталонија, а многумина ги интересира која е неговата нова девојка.
Клара е првата девојка со која Пике беше виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина.
Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.
Според The Sun, Клара работи за филмската и ТВ продукциската куќа на Пике, „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.
Шакира наводно не е среќна затоа што Пике се појавил во јавноста со Клара, пишува „Дејли мејл“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со нови партнери во текот на првата година по раскинувањето.
ФОТО: Инстаграм Screenshot