(ФОТО) 23 години помладата сопруга на Брус Вилис во парчето на сезоната
Познатиот актер Брус Вилис и неговата поубава половина присуствуваа на премиерата на филмот „Стакло" во Њујорк.
Брачната двојка не ја тргна насмевката од нивните лица и во супер расположение позираше пред фотографите. Двајцата беа во класично црно издание. Ема избра едноставен сако фустан со дијамантски детали, кој совршено ја исцртува нејзината линија. Ваквите фустани ја одбележаа оваа сезона.
Брус и Ема стапија во брак во 2009 година. Во неколку наврати Брус отворено зборуваше колку многу е среќен во вториот брак.
- Би сакал да имам уште илјада деца или уште нула деца. Не е важно. Ема прави да се чувствувам одлично. Пред да ја запознам Ема бев голем песимист дека ќе ја пронајдам таа специјална жена со која би го поминал остатокот од животот– изјави тој.