25 ноември: Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Добивај вести на Viber

25 ноември е Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. За првпат тој ден беше обележан во 1999 година со резолуција на ОН. Според статистичките податоци секоја втора жена во светот е жртва на насилство од страна на својот партнер, а секоја петта е подложна или или трпи закана од сексуално насилство. Жените од целиот свет се предмет на насилство, а големината и вистинската природа на овој проблем често се скриени. Неодамна, американските научници открија дека жените кои се физички или психички малтретирани од страна на нивниот сопруг или партнер имаат поголеми шанси да страдаат од здравствени проблеми. Резултатите од студијата на специјалисти од државниот универзитет во Охајо се објавени во Архивата за интерна медицина. До сега, голем дел од здравствените проблеми регистрирани кај жените жртви на насилство не се директно поврзани со насилството. Такви се болките во градниот кош, во пределот на стомакот, главоболка, гастроезафагиален рефлукс, инфекции на уринарниот тракт и менструални нарушувања. Резултатите се базираат на студија спроведена кај 3.568 жени. Волонтерите беа подложени на медицински преглед и одговорија на прашања поврзани со нивното физичко и психичко малтретирање. Експертите открија дека семејното насилство предизвикува трајна штета на здравјето, менталната и емоционалната положба на жените. Според авторите, голем дел од емоционално лабилните жени и оние во депресија се жртви на вознемирување од страна на нивниот партнер. Покрај жените, семејното насилство влијае и врз децата, дури и кога тие не се директно засегнати. Скандалите меѓу родителите, избувнувањето на агресија и насилство се рефлектираат врз емоционалниот и психичкиот развој на децата, оставајќи трајни негативни последици. Научниците откриле дека голем процент на деца кои биле жртви или сведоци на семејно насилство несвесно го копираат моделот на однесување на нивните родители и за возврат стануваат агресори. Растројство со манифестации на агресивно однесување се карактеризира со губење на самоконтрола и склоност да пројавуваат непотребно насилство кон луѓето околу нив, нанесувајќи не само материјални но и тешки телесни и психички штети. Често, по излив на агресија, оние страдаат од ова растројство доживуваат силно чувство на вина, жалење и непријатност за својата постапка. Експертите ја дефинираат агресијата како импулсивна, неоснована која обично трае помеѓу 10 и 20 минути. Во овие периоди, агресорите се неконтролирани, тие често не ги реализираат своите постапки но можат да предизвикаат сериозни телесни повреди, па дури и смрт на другите. Испадите на агресија се епизодни и се случуваат во недели или дури месеци, но може да се повторуваат на дневна основа. Психолозите се цврсто убедени дека злоупотребата на деца е клучна улога во развојот и демонстрирањето на таквото агресивно однесување. Според научниците, постои и генетска предиспозиција која не е целосно разбрана. Критериуми за дијагностицирање на нарушување со агресија вклучуваат: • Бројни повремени инциденти во кои поединците не успеваат да ги контролираат своите импулси • Степенот на агресија не е пропорционален на инцидентот кој предизвикува агресивно однесување. • Агресивност не е резултат на друго психолошко пореметување или влијание на наркотични супстанции. • Луѓето со агресивно нарушување често имаат нерамнотежа на серотонин и тестостерон во мозокот. Ова нарушување се јавува најчесто кај младите луѓе. Третманот вклучува психотерапија, која му помага на пациентот да научи да го контролира своето однесување и емоции. Во потешки случаи, потребно е користење на лекови кои се пропишани и прифатени под медицински надзор.