Моден фокус // Стил Профил
25 години, безвременски тренд: Stuart Weitzman – чизми 5050
Омилените чизми меѓу познатите!
Станува збор за препознатливите длабоки чизми 5050 кои се до колена, и даваат потполно нова модерна и шик нота. Ова се чизмите, кои можат да се комбинираат буквално со сѐ, од тесни,,skinny“ фармерки, до фустанчиња во најразлични должини. Она што ги прави овие чизми уникатни е токму универзалниот растеглив дел кој се наоѓа на задниот дел од чизмите.
Уште од далечната 1993-та па се до денес, овие обувки се голем фаворит и помеѓу славните личности како што се Анџелина Џоли и Селена Гомез. Својата колекција, Stuart Weitzman ја прошири со додавањето на нови модели во различни бои во својата колекција, чизми со висока или пониска потпетица, како и можноста да се купат изработени од кожа или од антилоп.
Денес, брендот Stuart Weitzman повторно во својот фокус го враќа овој познат модел на чизмите, каде за свое заштитно лице ја избра безвременската Кејт Мос, каде и во самата рекламна кампања таа го носи својот омилен пар на чизми Reserved со мала блок потпетица.