25 излекувани пациенти: Потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19

Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти! Од нив 6 се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 697 теста.


Новозаболени по градови:
- Скопје – 13
- Куманово – 9
- Прилеп – 9
- Тетово - 4
- Струга -2
- Велес – 12
- Битола – 2
- Македонски Брод -2