26 нови случаи на коронавирус во земјата: Се зголеми и бројот на починати
Утрово се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата- вкупно 285 дијагностицирани пациенти досега.
Министерот извести дека починат е еден пациент на 79 години, од Дебар, со тоа бројот на починати од корона достигна 7.
А 9 пациенти се излекувани и испишани од болничко лекување (8 од Дебар и 1 од Скопје), кои на два контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат.
Дел од 26-те нови случаи се со работа во Скопје, изјави министерот, но место на живеење во друг град.
Министерот дополни дека со оглед на зголемениот обем на работа и информации и се поголемиот број на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека од утре 31 март, ИЈЗ ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15:00 часот.