ЕПП // ЕПП
3,3 отсто фиксна каматна стапка - промотивен денарски депозит од Стопанска банка а.д. Битола во месецот на штедењето
- 28 Октомври, 2022
Во месецот на штедењето, во пресрет на Светскиот ден на штедењето Стопанска банка а.д. Битола, промотивно, за своите клиенти го воведува новиот денарски депозит со фиксна каматна стапка 3,3 отсто.
Рокот на орочување на средствата е 60 месеци, а исплатата на камата се врши по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатена камата.
Новиот денарски депозит на Стопанска банка а.д. Битола на клиентите им овозможува да направат сигурен и добар штеден план на подолг рок, а атрактивната фиксна каматна стапка 3,3 отсто е она кое го издвојува овој депозит од сите останати на пазарот.
Повеќе информации за производот
ПР објава