3.600 евра за модно ремек-дело: За прв пат Јелена Карлеуша изненади со фустан кој го видовме претходно на Ким Кардашијан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката, се појави во аквамарин фустан од мат спандекс, кој го истакнува секој милиметар на нејзината витка фигура.

„Баленсијага“ од глава до пети е изборот на српската пејачка која не штедеше пари за да остави впечаток

Во Белград синоќа се одржа прослава на магазин кој на едно место собра „половина од забавната индустрија“, а меѓу бројните актери, музичари и влијателни личности беше и пејачката Јелена Карлеуша.

Одамна не сме ја виделе на вакви настани, а за враќањето на црвениот тепих Јелена подготви нешто спектакуларно – тоалета на модната куќа „Баленсијага“ чија цена е вртоглави 3.600 евра!


Пејачката, се појави во аквамарин фустан од мат спандекс, кој го истакнува секој милиметар на нејзината витка фигура, а го красат и елегантни ракавици преку лактите. Тоа е креација со отворен грб, со двојна тока на грбот.


Ако сте запознаени со овој модел, не е случајност - истиот фустан на почетокот на оваа година го видовме и на светски познатата ријалити ѕвезда и деловна жена Ким Кардашијан, која го избра истиот за афтер-журката по Оскарите, во организација на магазинот Vanity Fair.

фотографии:EPA

Како тогаш Ким, така и Јелена Карлеуша за момент носеше малку ексцентрични очила за сонце од истиот бренд, а двете решија да ја подигнат косата: додека Ким се одлучи за високо опавче, српската пејачка избра висока пунџа, а впечатокот е одличен и во двата случаи. 

Музичката ѕвезда го комплетираше овој стајлинг на „Баленсијага“ со ланче со привезок и обетки со монограмот на споменатата куќа, а нејзиниот избор на шминка за оваа вечер е намален изглед во неутрални тонови.


извор:GLOSSY

Како изгледаат познатите Србинки без шминка: 10 дами кои немаат проблем да ја покажат својата природна страна


Карлеуша снимена како излегува од автомобилот на друг маж, пејачката шета без грам шминка