Карлеуша снимена како излегува од автомобилот на друг маж, пејачката шета без грам шминка
Пејачката Јелена Карлеуша во последно време напорно работи. Покрај тоа што го уредува својот нов дом на Дедиње, пејачката речиси секој викенд ги полни клубовите низ регионот и дијаспората. Во исто време, Јелена привршува со новиот албум „Алфа“, кој нејзините обожаватели го чекаат цела деценија, па секојдневно поминува по неколку часа во музичкото студио.
Папараците ја уловија Јелена во првите сончеви есенски денови во центарот на градот, каде таа ги завршуваше секојдневните обврски. Карлеуша била во друштво на нејзиниот пријател и деловен соработник Зоран Бирташевиќ, кој го возел и автомобилот со кој двајцата се довезле до центарот.
Јелена за оваа пригода беше облечена во сосема лежерен аутфит во омилената боја на кожа, додека за додатоци избра модни додатоци од еден од омилените модни брендови „Louis Vuitton“ - влечки за 800 евра, очила за 600 евра, додека за чантата, издвоила 1.800 евра. Заедно со сето тоа избра и капа во истиот тон.
Пејачката во оваа прилика излезе во град во сосема природно издание, без грам шминка, па сите оние кои ја видоа искоментираа дека Јелена изгледа подобро и послаба од било кога и дека треба почесто да се појавува во јавноста без шминка.
Фото: Инстаграм