Ким Кардашијан повторно ја ископира Јелена: Карлеуша веднаш побрза да се пофали (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Јелена Карлеуша сподели фотографија на која таа и Ким Кардашијан позираат во слични парчиња и уште еднаш се пожали или пак пофали, дека светски познатата старлета ја копира.

Станува збор за стајлингот кој Јелена Карлеуша го носеше во јули годинава, за кој се уште се зборува, а Ким носеше нешто слично во август.

Двете ги гледаме во сребрено бикини кое малку покрива и големи наочари на лицето.

Обожавателите на Карлеуша уште еднаш ја обвинија Ким дека го украла стајлингот и направија споредба, а српската пејачка ја сподели сликата на својот профил.

Погледнете ги подетално нивните фотки:

Да потсетиме, ова не е прв пат овие две ѕвезди да влезат во „конфликт“ поради стајлинг, а еднаш дури и Јелена беше обвинета дека ја „ископирала“ Ким!

-Главно меме на Твитер во Македонија и Србија: Што се случува кога некој ќе ја заследи Карлеуша

-Чизмите на Карлеуша ги обожава и Ким Кардашијан: Моментално се на тронот на популарноста во светот на модата, а идеални се и за снег

-Која го носи подобро: По розовите чизми, Карлеуша и Ким Кардашијан повторно во исти креации?

-Во ист фустан како Кендел Џенер: Дали Карлеуша повторно ќе се скара со Кардашијан

извор:mondo.rs