Чизмите на Карлеуша ги обожава и Ким Кардашијан: Моментално се на тронот на популарноста во светот на модата, а идеални се и за снег
Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира на снег во златна комбинација од
глава до пети.
Освен што Јелена Карлеуша пред неколку дена го украси својот дом и донесе малку новогодишна атмосфера, таа одлучи истиот амбиент да биде задолжен и за нејзините следни модни изданија.
Иако многу јавни личности веќе заминаа на планина со првиот снег, Јелена ги дочека првите снегулки во својот дом на Дедиње, па по тој повод смислила ефективна златна комбинација.
Златна јакна и чизми од Balenciaga (кои пејачката ги има во неколку бои) се комбинација која е совршена за снег, а тоа го покажува фотографијата на Карлеуша во која златниот нејзин стајлинг доминира и изгледа совршено на белата-снежна позадина.
А, познато е дека и риалити ѕвездата Ким Кардашијан ги обожава овие чорапи-чизми, која често ги носи и комбинира во прилики кога сака да биде особено забележана.
Јелена Карлеуша неодамна пријатно ги изненади своите фанови со информацијата дека во иднина освен со пеење ќе се занимава и со дизајнирање облека, што наиде на општ ентузијазам.
Таа веста за тоа ја сподели на прес-конференцијата по повод новогодишниот настап, а по тој повод се појави во беж фустан кој самата го дизајнираше.
Фото: Инстаграм-Јелена Карлеуша/Инстаграм-Ким Кардашијан/youtube-screenshoot