Во ист фустан како Кендел Џенер: Дали Карлеуша повторно ќе се скара со Кардашијан

Добивај вести на Viber

Пејачката не пропушти ниту една модна манифестација во Белград.

На една локација во Белград, имаше промоција на колекција на познат моден бренд, а многу познати личности присуствуваа и на овој настан. На настанот се појави и пејачката Јелена Карлеуша, која се определи за екстравагантна облека.

Карлеуша за овој настан облече фустан кој е многу сличен со фустанот на сестрата на Ким Кардашијан, супер манекенката Кендел Џенер, која пред извесен период се појави на ревија од Жан Батист Вали со скоро ист фустан.

Дали ќе продолжи да се „кара“ Ј.К со семесјтвото Кардашијан. Кои според неа, често тие и ја копираат облеката.

Имено, ЈК носеше црвен фустан кој привлече големо внимание. Карлеуша не ја отстрани насмевката од лицето и трпеливо позираше за фоторепортерите.

Во неколку наврати, Ј.К. покажувајќи ја креацијата којашто ја носи, нејзините нозе излегоа на виделина.