Главно меме на Твитер во Македонија и Србија: Што се случува кога некој ќе ја заследи Карлеуша

Неколку денови по ред, „главна“ вест во медиумите е дека светски познатиот рапер, и поранешен сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест ја заследи балканската музичка дива Јелена Карлеуша.

Чекорот што го презеде Карлеуша по ова, според многумина е за да го привлече вниманието на Канје, па веднаш побрза да се фотографира гола, само со патиките кои тој ги дизајнира, на неа.


Но, не застана тука. Карлеуша по ова направи и фотосесија, излепена во жолтата „Balenciaga“ лента, како што Ким Кардашијан се појави само неколку дена пред тоа, на ревијата на брендот.


Сето ова, предизвика хаос на Твитер, па сега твитерџиите неисцрпно прават „мемиња“ на кои опишуваат како изгледа Карлеуша кога ќе ја заследи некоја значајна личност. 
Во прилог погледнете некои од најинтересните:


фото:printscreen Twitter