4 децении брак на суперѕвезда со обична девојка: „Обичното го претвора во несекојдневно и само сакам да ѝ се заблагодарам!“

Добивај вести на Viber

Ѕвездата на филмската франшиза „Војна на ѕвездите“, Марк Хамил ја запознал својата сопруга во стоматолошка ординација, каде што работела како стоматолошка медицинска сестра.

Пред 2 години Марк Хамил и Марилу прославија 40 години брак. Нивната љубовна приказна го привлекува вниманието на јавноста поради неколку причини. Една од нив е нивната прва средба, која се случила во ординацијата во која работела Марилу, пишува Глоси. 

Како што изјави Марк за магазинот People, таа била многу привлечна и храбро облечена, што го поттикнало да праша како може да дојде на работа така облечена, на што таа арогантно одговорила:

— Да. Следен!

Нивната врска брзо завршила, а како причина Марк ја навел преголемата слава што му ја донесе улогата во „Војна на ѕвездите“. Како што еднаш изјавил, одел во Лас Вегас за да запознае жешки танчерки, сакал да биде со сите тие жени, но на крајот сфатил дека е време да одмори и да основа семејство.

Потоа следела турбулентна врска со колешката Ен Виндам во седумдесеттите години на минатиот век. По колапсот на нивната романса, актерот изјави:

- Сакам да имам семејство, па мислам дека не е правилно да барам од Ана да ја запостави кариерата за да одгледува деца. Кога ќе дојде време, ќе ја најдам вистинската, а за моја среќа, веќе ја најдов. 

Марк и Марилу се смириле и се венчале во декември 1978 година. Парот има три деца: Нејтан, Грифин и Челзи.

После тоа, Марк се врати на улогите во 2015 година, а и покрај годините не пропушта прилика да зборува за својата сопруга.

- Таа го претвора вообичаеното во необично и само сакам да ѝ се заблагодарам што ми е се‘ во животот.

Обожавател го прашал Марк за тајната на долгиот и успешен брак, на што тој одговорил дека само имал среќа да најде сродна душа. 

Пред неколку години, кога ја прославија 39-годишнината од бракот, Марк ги одбележа среќните моменти со серија фотографии на Твитер со натпис „А рекоа дека нема да трае“. Со ова тие ја потврдија својата љубов и траење и докажаа дека не е важно кога и каде ќе ја најдете вашата сродна душа.


Фото: Youtube - screenshoot