4 летни фустани кои ќе ви ги прикријат недостатоците

Добивај вести на Viber

Фустанот кој ги прикрива недостатоците и стои совршено на секоја фигура е најдобриот сојузник на жената. Фустаните се неизбежно парче облека за секоја дама, бидејќи ја истакнуваат женственоста на вистинскиот начин. А, токму за време на летните горештини претставуваат и спас за секоја жена. Она кога не мора да осмислувате комплетен стајлинг (доволно е само да го облечете фустанот), а и финансиски може да биде поисплатливо, отколку да се одлучите, на пример, за здолниште и маица.

Летото 2019 дефинитивно почна во знакот на фустаните, а сезоната ја отворија светските ѕвезди на црвениот килим на повеќе фестивали, носејќи лелеави фустани со цветен дезен кој ја слави женската фигура. Најдоброто од се’ е што токму овие фустани одлично ги прикриваат недостатоците.

За вас одвоивме четири најубави летни фустани.

Лелеав фустан до колена

Цветните мотиви, пастелните бои и лелеавите материјали се заштитен знак на актуелниот тренди фустан. Краткиот летен фустан овојпат е „продолжен“ до колена. Проѕирниот материјал лесно паѓа по телото, давајќи му дополнителна доза женственост.

Долг фустан на раскопчување

Долг, темен фустан на раскопчување е одлична варијанта за излегување во попладневните, но и во вечерните саати. Спортско-елегантниот фустан е идеален за прошетка, но и за ноќна забава. Совршено ги нагласува женските атрибути, а на фигурата ѝ дава шик изглед.

Фустан на едно рамо

Има ли нешто позаводливо од жена која ги покажува рамениците? Овој фустан е вистински избор за дами кои се подготвени да заведуваат ова лето. Дали ќе одберете краток или долг ваков фустан, изборот е ваш.

Заводлив фустан до земја

Долг, раскошен, заводлив... Овој фустан не ве ограничува ниту во движењето, ниту во струкот. Може да го носат жени со различна физиономија и на сите ќе им стои совршено.

Извор: Still.rs