4 митови за пандемијата: Во врска со достава на храна
Експерт за јавно здравје ја објаснува вистината за КОВИД-19 и храна за носење/за дома.
Преголем е стравот од нарачка на храна од ресторани за време на пандемијата, барем според Центрите за контрола и превенција на болести, како и Светската здравствена организација.
Целокупната паника доаѓа делумно од Интернет-видеата и тврдењата што го разгорува пламенот на стравот, како на пример:
Преку пакувањето со храна може да се пренесе вирусот.
Поголема е веројатноста студената храна да е место каде што се задржува вирусот отколку топлата храна.
Од таа причина, добра е идејата повторно да се загрее доставената храна пред да јадете.
Или, уште подобро, воопшто не нарачувајте храна за достава.
Да се утврди дали овие изјави на Интернет за нарачување храна за време на пандемијата— се вистинити, Men'sHealth разговара со Крис Кронин, Др. професор по јавно здравје на колеџот Муленберг. Предава епидемиологија, инфективно заболување и здравје и животна средина.
На прашањето, дали е вистина дека амбалажата/пакувањето на производите за испорака на храна може да го носат коронавирусот?
Кронин вели „Сакам да истакнам дека до денес нема докази кои сугерираат дека КОВИД-19 може да се шири преку завиткани амбалажи за храна или храна воопшто“.
Истото беше потврдено и од ЦДЦ, УСДА / ФДА и СЗО.
„Малку е веројатно дека од дишење на заразено лице ќе се пренесе на вашата храна или на амбалажи на храна кога се следат соодветните упатства за безбедност на храна“, вели Кронин. „Дури и во случај вирусот да допре до вашата храна, тој не може да се размножува таму како што можат бактериите“.
Ова значи дека бројот на вирусни честички што може да бидат присутни, веројатно нема да предизвикаат инфекција, вели таа.
Веројатно размислувате: Па, што ако заразено лице кашла или кива на садовите за достава на храна?
Ќе мора да ги допрете сите овие капки со рацете и потоа да ги допрете очите, носот или устата за да се заразите, вели Кронин. Но, ако правилно ги миете рацете пред јадење, тогаш веќе преземате мерки за да спречите зараза.
"Ако се чувствувате загрижени за вашата храна за земање, пренесете ја храната од садовите во кои сте ја добиле, на чиста чинија, исфрлете ги или рециклирајте ги садовите, исчистете ја површината каде што ги поставивте садовите и измијте ги или дезинфицирајте ги рацете пред да јадете."
Дали е вистина дека резагревање на храна, го намалува ризикот од зараза преку храна?
„Постојат студии кои покажуваат дека другите коронавируси (како оној што предизвикува САРС) се чувствителни на температура и ќе бидат уништени на 149 степени за 3 минути“, вели Кронин. „Ова е затоа што протеинскиот слој што го опкружува може да се уништи со топлина“.
Но, тоа е доказ заснован на различен коронавирус - не оној што предизвикува КОВИД-19.
„Сè уште немаме доволно информации за да знаеме дали КОВИД-19 реагира слично“, вели Кронин. „Нема докази кои покажуваат дека загревањето на вашата храна, додека не се издигне пареа е ефикасно во убивање на вирусот и нема докази кои укажуваат дека ова е дури и неопходно“.
„Секогаш бидете сигурни дека ја нарачувате вашата храна од ресторан во кој верувате дека оние кои се во допир со храната ги следат потребните упатства за безбедност“, вели Кронин.
Дали е побезбедно да не нарачувате храна за време на коронавирусот?
„Ризичен дел од преземањето и / или испораката на храна е контакт лице-до-лице со лицето за испорака, затоа не заборавајте да држите растојание кога ја земате храната или сте ја доставиле“, вели Кронин. „Многу ресторани нудат бесконтактен пикап, и можете да ја платите вашата храна без да дојдете во допир со други луѓе“.
Заклучокот на Кронин е дека слободно може да се нарачува храна.
извор:PAUL KITA/Men's Health