40 години подоца: Како денес изгледаат актерите од познатата серија „Ало, Ало“! (ФОТО+ВИДЕО)

Помина  4-ри децении од првото емитување, а и денес оваа серија воодушевува

Незаборавната серија „Ало, Ало“ и по речиси четириесет години од почетокот на снимањето и емитувањето, продолжува да ја воодушевува публиката. Премиерно беше прикажана на 30 декември 1982 година, а еве како изгледаат актерите во серијата денес:

Вики Мишел - Ивет

 Вики (70) во серијата ја глумеше љубовницата на Рене, Ивет, а нивните заеднички сцени се заштитен знак на серијата „Ало, ало“. Се сеќаваме на разни авантури на Ивет со германски офицери, а таа заработувала со проституција поради болната мајка и заради „светлата иднина со Рене“.

Ким Хартман - Хелга

 Ким Хартман (69) која ја глумеше сексапилната Хелга, германска војничка со продорен глас и стас, кариерата ја започна во белградскиот театар во англискиот град Ковентри. Театарот е наречен така затоа што бил изграден од дрво донирано и испорачано од околината на Белград по Втората светска војна.

Ричард Гибсон - Хер Ото Флик

 Хер Ото Флик, кога го паметиме по постојаното мрморење, го глумеше извонредниот Ричард Гибсон, кој денес има 67 години. Додека популарноста на серијата беше во полн ек, Ричард и Ким Хартман го формираа дуото „Flik and Helga fun club“, настапувајќи како кабаре изведувачи.

Гај Синер - Поручник Грубер

 Поручникот Грубер, хомосексуалец кој бил вљубен во Рене, а чиј лик го толкува Гај Синер, има 73 години. Иако не можеше да се заклучи од серијата, Синер е познат како женкар. Тој живее со своето семејство во Сасекс, Англија.

Гордон Кеј - Рене

 Незаборавниот Рене, кој го играше Гордон Кеј, за жал почина во 2017 година. Колегите актери велат дека тој бил неисцрпен извор на инспирација и движечка сила на актерската екипа.

Рене сакал да летува на Хвар, а при една посета во 1990-тите го дал единственото интервју за локалните медиуми.

„Се надевам дека на вашето списание не му е грижа дали сум геј или не, нели? Нему му било драго што серијата е толку популарна во Југославија. Се сеќавам дека од вашата земја пристигнаа десетици писма - изјави во таа прилика тогаш популарниот актер.

Кармен Силвера - Едит

 Кармен Силвер, која ја глумеше сопругата на Рене, Едит, исто така почина во 2002 година, а тогашните британски медиуми пишуваа дека таа е страствен пушач, но дека одбила да се лекува кога и бил дијагностициран рак.

Членовите на тимот, меѓу кои популарниот господин Флик - Ричард Гибсон, Хелга - Ким Хартман и поручникот Грубер - Гај Синер, редовно се среќаваат денес, со цел да ги оживеат спомените од времето кога ја снимаа оваа популарна серија.

Гибсон и Хартман зборувале за тоа колку им било тешко да не се смеат додека снимаат сцени, поради што избегнувале да се гледаат во очи.

Други членови на тимот што почина: Првиот што го напушти овој свет беше г-дин Леклер (Џек Хејг), кој почина во 1989 година. Го паметиме по реченицата „Тоа сум јас, Леклер“, четири години по Леклер, почина Кенет Конор, кој го играше ликот на погребникот, господин Алфонсо, а во 2003 година, Роза Хил, која во хит серијата „Ало, ало“ ја играше мадам Фани, намќорната баба на Рене.


Фото и Видео: Youtube - Top Raccoon