40 години затвор за Зоран, убиецот и сопруг на пејачката Јелена Марјановиќ

Конечно се заврши сагата околу грозоморното убиство на српската пејачка Јелена Марјановиќ. 

Високиот суд во Белград донесе пресуда со која Зоран Марјановиќ е прогласен за убиец на сопругата Јелена. 

Осуден е на 40 години затвор и веднаш ќе биде спроведен во Централниот затвор, пренесоа српските медиуми. 

За потсетување, Јелена е убиена на 2 април 2016 година, во насип во Борча. Зоран на 2 април пријавил дека е исчезната. Тој тогаш објасни дека со ќерка му се шетале по насипот покрај Дунав во Борча, додека таа трчала пред нив. Рече дека затоа што патеката била долга неколку километри, Јелена се оддалечила од нив и брзо им избегала.

Извор: Курир.рс

Фото: Инстаграм