,

5 грешки кои ги правиме со молив за очи

Добивај вести на Viber

Шминкањето со молив е најпосакувана стратегија за многу дами. Тој е поевтин производ, едноставен, флексибилен и функционален, кога се користи правилно. Моливот за очи е едно од најомилените парчиња козметика, дури и за дами кои не сакаат да се шминкаат претерано често. Проверете ги најчестите грешки кога го користите и како да ги избегнете истите. 1. Користите премногу тврд молив за да направите „замаглен поглед“ Ако сакате да го добиете ефектот на „замаглен поглед“ - шминка на очниот капак со помош на молив за очи, избирете помек молив. Вашата шминка нема да се собере во наборите на вашиот очен капак. Најпогодни за ваков тип шминка се:
  • моливите kajal; Станува збор за комбинација од органски производи и саѓи кои го прават моливот погоден за чувствителна кожа
  • моливите khol кои се составени од пигменти и восоци, а тие пак прават моливот да се нанесува полесно
Тврдиот молив не се препорачува, бидејќи може да предизвика иритација на кожата. 2. Користите премногу мек молив за да го исцртате окото Ако сакате да го исцртате окото, моливот кој го користите треба да биде со долготрајна формула, а не со кремаста текстура. Побарајте моливи кои не се водоотпорни, па вашата шминка ќе остане беспрекорна до вечерта. 3. Нанесувате бел молив во внатрешниот дел од очите Ако сакате да постигнете свеж изглед и оптички да ја зголемите големината на окото, не применувајте молив во бело, изберете беж или светло розев. 4. Имате молив за време на официјален настан Иако нанесувањето на молив е практика за многу жени, бидејќи е лесна и брза, таа едвај трае повеќе од неколку часа. За да се избегне замаглување, особено во формалните прилики, како што се прослави или интервјуа за работа, ставете мала количина сенки на очниот капак над моливот. 5. Ја признавате само црната боја Бојата на молив е важна за успехот на шминка.  Црниот молив и стои речиси на секоја дама,  но не е лошо понекогаш да се замени со друга боја! Обидете се да експериментирате со боите со цел да да дознаете кој одговара на вашите очи. Како по правило, топлите бои се погодни за дами со темни или зелени очи, а студените нијанси одговараат на жени со сини и сиви очи.