Очигледно, пушењето е една од најсмртоносните навики. Постојат меѓутоа и други фактори на ризик кои се шират со приближно иста брзина и кои главно произлегуваат од нездравиот начин на живот на луѓето.
Еве ги првите пет
- Осаменоста: Порастот на улогата на социјалните медиуми и намалувањето на личниот контакт лице в лице со други луѓе, ја претвора осаменоста во распространета појава која влијае на целиот свет. И тоа може да биде смртоносно. Осаменоста го намалува очекуваното траење на животот со пушење еквивалентно на 15 цигари дневно.
- Седење. Седењето по цел ден го зголемува ризикот од развој на различни видови на рак.
- Несоница: Несоницата зголемува ризикот од мозочен удар и инфаркт на сличен начин со пушењето, убеден е проф. Валери Гафаров од Светската здравствена организација.
- Солариуми. Вештачки тен може да изгледа како корисно сончање, но тоа не е. Потенцијално е поопасно од пушењето, бидејќи е поврзано со предизвикување голем број на канцери на кожата.