5-годишно девојче е во кома по напад на куче: Лекарите се борат за нејзиниот живот, а нејзиниот татко низ солзи открива - „Може да има трајно оштетување на мозокот“

Добивај вести на Viber

Петгодишното девојче Алета од американската сојузна држава Мисури се бори за живот откако кучето кое залутало во дворот на нивната семејна куќа брутално ја нападнало на 8 октомври, пишува  people.com.

Кучето влегло во оградениот двор.

- Истрагата за инцидентот е во тек, а можни се и кривични пријави - изјави детективот Џек Тејлор за магазинот People.

Според официјалното полициско соопштение, нападот се случил утрото околу 10 часот, кога нерегистрирано куче влегло во оградениот двор во кој се наоѓале Алета и возрасен човек. Девојчето се здобило со сериозни повреди, вклучително и „тешки расекотини“ и итно е пренесено во болница.

Пријателите на семејството започнаа кампања GoFundMe за да соберат средства за лекување. Таткото на Алета, Енди Дејвис, напишал дека девојчето се здобило со низа повреди - фрактура на черепот, скршена клучна коска и скршено ребро. Тој исто така нагласи дека Алета е ставена во медицински индуцирана кома и дека лекарите стравуваат од можни трајни последици.

– Поради губење на крв и кислород, постои страв дека Алета претрпела трајно оштетување на мозокот – напиша Дејвис.

Кучето, кое им припаѓало на соседите, на денот на инцидентот го задржало службата за заштита на животните, а подоцна било евтаназирано. Полицијата се‘ уште ги истражува сите околности на овој трагичен настан, додека семејството и пријателите нестрпливо чекаат вести за состојбата на Алета.

Додека малата Алета се бори за живот на интензивна нега, заедницата се собра за поддршка на семејството, а собирањето средства за нејзиното лекување продолжува преку кампањата GoFundMe.


Фото: Gofundme