5 идеи за новогодишен подарок за секој член од семејството

Добивај вести на Viber

Новата година е совршен период за да ги израдувате вашите најблиски со нов подарок и со тоа да им посакате добар почеток на годината.

Подарувањето носи голема радост, особено кога ќе го одберете вистинскиот подарок и ќе изнудите искрени насмевки кај најблиските. Во овој период атмосферата е весела и сите се во потрага по подароци, па затоа е паметно да ги искористите големите попусти и акции што ги нудат онлајн продавниците и трговските центри.

Доколку ви требаат идеи за подарок, прочитајте го нашиот текст бидејќи имаме по неколку предлози за секој член на семејството.

Луксузен сет за нега за мама

Израдувајте ја вашата мајка со луксузен сет за нега на кожа и покажете ѝ дека ви е важно таа да има време за себе. Можете да најдете козметички сетови што вклучуваат лосион, пилинг и гел за туширање со исти состојки или можете сами да одберете неколку различни продукти од повеќе брендови.

Решете се за квалитетен бренд и убаво спакувајте го подарокот. Кога станува збор за козметички производи, изборот е многу голем, па можете да се решите и за некои луксузни сетови за нега на коса или комбинација од дневна и ноќна крема за подмладување.

Доколку вашата мајка често се жали дека нема време да се грижи за фризурата, разгледајте ја понудата на електрични четки и преси за коса. Со малку љубов и внимание, лесно ќе го најдете подарокот со кој ќе ѝ се заблагодарите на вашата мајка за нејзините неуморни напори.

Поддржете ги проектите на тато со квалитетен алат

Дали вашиот татко секогаш има планови за некаков проект во домот? Дали во секој слободен миг се занимава со нешто околу градината или во гаражата? Тогаш, оваа Нова година подарете му градинарски алат со кој, освен што со сигурност ќе го израдувате, истовремено и ќе му помогнете да го претвори дворот во прекрасно катче за релаксација.

Доколку вашиот татко има интересно хоби, како реставрација на предмети, можете да се решите да му подарите и некој електричен алат како глодалки, рендиња и реноватори за дрво, кои, најверојатно, ги нема во својата колекција алати.

Кул гаџети за бато

Место да се решите за вообичаен подарок за вашиот брат, како џемпер или маичка, разгледајте ја понудата на кул гаџети кои можат да го мотивираат да направи некакви промени во својот животен стил.

Ако вашиот брат има проблем да одржи дисциплина со вежбањето, смарт часовникот ќе може многу да му помогне бидејќи дејствува како личен тренер. Овие часовници ги следат чекорите, отчукувањата на срцето и прават анализа на тоа колку квалитетно спиете во текот на ноќта.

Преку нив можете да примате пораки и нотификации, а самиот часовник може и да ве мотивира да бидете поактивни. Смарт часовниците се многу практични, а имаат и модерен дизајн, па овој спој од функционалност и стил може да биде совршениот подарок за бато.

Бидете ѝ стилист на вашата сестра за празниците

Изненадете ја вашата сестра со кул аксесоари кои можат да ѝ помогнат да го надогради својот стил за време на празниците. Решете се за шик чанта, стилски пар чевли или модерна јакна – одберете парче облека што може да направи разлика во изгледот, а истовремено е во согласност со нејзиниот уникатен стил.

Секако, можете да ѝ бидете стилист на вашата сестра и да ѝ одберете некое парче на кое таа, можеби, нема да се сети, а вие сте убедени дека ќе ѝ стои одлично. Најважно е да одберете парче во кое таа ќе се чувствува самоуверено и по свое.

Доколку има многу облека, но често се жали дека пеглањето ѝ е кошмар, можете да ѝ подарите пегла на пареа и да ја спасите од купот истуткани алишта. За време на празниците, понудата во продавниците е голема, па сигурно ќе најдете нешто интересно.

Мали куќни апарати за баба и дедо

Олеснете им го секојдневието на вашите баба и дедо со квалитетни куќни апарати. Доколку сакате, навистина, да ги изненадите со еден сосема модерен подарок, одлучете се за робот правосмукалка со која просторот секогаш ќе им биде чист или некој друг производ, на пример од понудата на мали кујнски апарати.

Имате голем избор апарати што ќе бидат на попуст за време на празниците, како блендери, тостери за вафли или мултинаменски готвачи, со кои ќе можат да подготвуваат вкусни оброци без напор.

На вашите баба и дедо можете и да им подарите елегантен прибор за јадење, кој ќе можат да го користат за прослави, слави и во специјални пригоди. Тие ќе го ценат овој подарок, кој ќе внесе софистицираност и уживање во сите нивни празнични оброци, а доколку се одлучите за некој мал куќен апарат, со сигурност ќе им ги олесните секојдневните обврски низ кујната и домот.


*пр-објава