5 Манго фустани за сечиј џеб и вкус: Идеални за предновогодишни забави

Добивај вести на Viber

Следуваат уште последите десет дена од оваа 2018-та година. Веќе насекаде се чувствува празничната еуфорија со многуте подготовки за супер изглед за важните настани кои надоаѓаат. Сигурно ќе имате предновогодишна забава со колегите од работа или пак луда журка со најверните пријатели. Затоа е и сигурно дека се двоумите што да облечете. 

Ако сте „фан“ на фустани и сакате да изгледате убаво, но и да се чувствувате удобно, од богатата понуда на Манго, избравме 5 едноставни фустани кои буквално се достапни за сечиј џеб. Најдобро е што може да ги носите за безброј пригоди.

1. Краток фустан со ситен црно бел дезен кој совршено ја истакнува женската линија. Има асиметричен преклоп на средината, а е идеален избор доколку носите високи потпетици. 

Чини само 1290 денари.

2. Ситниот дезен на овој миди фустан носи одличен визуелен ефект. Повторно станува збор за асиметричен преклоп, кој се врзува позади. Доволни се обувки во различна боја, како црвената и одличниот шик изглед е загарантиран.

Чини 2990 денари.

3. Колку само би биле поразлични и би се чувствувале удобно доколку за предновогодишна забава изберете едноставен црнобел кошула-фустан. Тоа е тренд на сезоната, кој е едноставен за комбинирање, а кој сигурно ќе го носите и за многу други прилики.

Чини 2990 денари.

4. Ова е еден од нашите фаворити. Фустанче кое повторно има асиметричен преден дел со многу копчиња и ремен на средината. Сивата боја надополнета со дезен од квадрати во бела боја, како и пристојното деколте дваат еден елегантен, но во исто време и необичен изглед. Ова е фустан кој може да се комбинира и со чизми и со високи потпетици.

Чини само 2490 денари.

5. Полка дот фустаните се едни од омилените на војвотките од кралското семејство, но и на многу трендсетерки во светот.  Асиметричниот преден дел со копчиња е дел и од овој црн фустан со бели точки, а неговата миди должина е идеална за сите префинети дами. 

Чини 3990 денари.