5 материјали во кои оваа есен ќе изгледате скапо: Кожата е само еден од „must have“ кои владеат со модните писти
Ништо не зрачи со богатство како џемпер од кашмир или оверсајз кожен капут, а го видовме на модните писти за есен 2024. Подолу откријте 5 материјали во кои вреди да се инвестира.
Велур
Ако нѐ прашате кој е најголемиот тренд оваа сезона, веројатно би рекле велур. Велур чанти, јакни, чевли, здолништа, палта и елеци се продаваат со неверојатна стапка - особено во педесет нијанси на кафена боја.
Секако, велурот е еден од оние материјали кои никогаш не излегуваат од мода, па ќе го носите со години.
Темни фармерки
Најголемиот, најстилски тренд на тексас оваа сезона е темниот, обично направен од сиров тексас. Ќе го препознаете затоа што првично е крут и не бил претходно перен или носен, што му дава препознатлив чист, морнарски изглед (не грижете се - крутоста ќе омекне со абењето).
Кашмир
Кашмирот е, без сомнение, најлуксузниот материјал за трикотажа - и по изглед и по чувство. Без разлика дали ќе го комбинирате со тексас или сатен, сигурно ќе изгледате софистицирано додека го носите.
П.С. Оваа сезона можете само да го фрлите преку рамо, со обична маичка, бидејќи откако тоа го направи Jacquemus – тоа го прават сите fashion луѓе.
Кожа
Што да кажеме за нашиот омилен материјал на сите времиња? Кожената јакна или капут се парчиња кои се пренесуваат од генерација на генерација, но сега здолништата (се надеваме дека имате ваква црвена за есен), комбинезони, па дури и кожени кошули .
Сатен
Да бидеме искрени - и ние сме скептични за овој тренд. Оваа сезона сигурно ќе изгледа луксузно, но следната сезона... не можеме да гарантираме. Дизајнерите секако не демантираат, а препораката е сатенот да го носиме во наједноставна можна верзија, евентуално со гламурозни додатоци како овие ракавици и чанта.
ФОТО: Пинтрест