5 начини на кои бебињата кажуваат дека ве сакаат
Доколку сте станале родители по првпат, сигурно се радувате на секое движење на вашето дете. Но, додека не почнат да зборуваат и комуницираат, нивните чувства ни се непознати. Се би направиле за да знаеме дали се добро или дали им треба нешто. Ова се петте начини на кои бебињата кажуваат дека ве сакаат, пред да почнат да зборуваат.
1. Ве следат со погледот
Според едно истражување направено меѓу 1999 и 2002 година, бебињата во првите недели со поглед ги следат личностите. Истражувањето исто така покажало дека не ги следат сите лица. Ги следат само родителите или луѓето со кое се чувствуваат сигурно. Така, ако вашето бебе ве следи со поглед тоа значи дека ве сака и дека се чувствува сигурно во вашите раце.
2. Реагира на вашиот глас
Ако забележите дека реагира на вашиот глас, тоа е бидејќи ве чувствува како член на фамилијата, мозокот знае дека ве познава бидејќи ве слушнал пред да се роди.
3. Спиењето со вас го смирува
Ќе забележите дека вашето бебе не сака да спие со кој било. Фактот дека бебето сака да спие само во вашите прегратки покажува дека ве сака.
4. Прават звуци за да го привлечат вашето внимание
Знаете дека плачењето е знак за нешто лошо, а смеењето дека сѐ е во ред. Бебињата прават звуци кои вие сакате да ги слушнете, а тоа е нивен знак дека ве сакаат.
5. Ви враќа на насмевката
Насмевката на вашето бебе вреди најмногу. Кога вашето бебе се смее, тоа учи дека ве прави среќни, па така насмевката е уште еден начин да ви каже дека ве сака и да ве направи среќни.