5 пијалоци за силен имунитет во време на коронавирус

Добивај вести на Viber

Богати се со антиоксиданти

Нашиот имунолошки систем е секогаш активен. Затоа е потребна здрава доза на витамини и минерали. Еден од најлесните и најефикасните начини да го заштитите вашето тело од болести и инфекции во текот на сезоните, а ососбено сега во време кога коронавирусот е раширен насекаде е најдобро да консумирате храна и пијалоци кои содржат супстанции што ги зајакнуваат имунитетот.

Многу овошја и зеленчук имаат високо ниво на антиоксиданти, витамини и минерали кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем и да ги претворат во хранливи сокови што се добри за вашето здравје.

Редовно земање на овие пијалоци ќе ве направи поенергични и здрави.


Сок од цвекло


Сокот од цвекло е одличен пијалок кој го збогатува имунолошкиот систем, богат со основни хранливи материи како што се бета-каротин, витамин Ц, каротеноиди, сулфур, калциум, железо, манган и калиум холин. Овој пијалок исто така може да ја подобри функцијата на мозокот, да ја исчисти крвта, да го зајакне жолчното кесе и црниот дроб. Ако неговиот вкус за вас е премногу силен, можете да го комбинирате со јаболко или моркови.


Сок од морков


Сокот од морков содржи витамин Ц, витамин Б комплекс, калиум, железо, натриум и фосфор, кои штитат од инфекција, ја подобруваат работата на црниот дроб, го олеснуваат нервниот систем, ја алкализираат крвта и ги тонзираат sидовите на цревата.


Сок од лимон


Лимонот е едно од најкорисните плодови. Содржи многу антиоксиданти и витамин Ц, кој може да го подобри имунитетниот систем и исто така да го балансира нивото на баланс на алкална киселина во организмот. Со пиење свеж сок од лимон (можете да додадете и други цитрусни овошја во сокот) вашето тело ќе биде помалку подложно на болести.


Смути со боровинки, банана и нане


Боровинките се едни од најбогатите хранисо антиоксиданти. Тие го подобруваат имунитетот, ја подобруваат функцијата на мозокот. Бананата и нането се богати со важни витамини и минерали кои исто така ни го одржуваат добро здравјето. Комбинирајте ги боровинките со банана, свежи лисја од нане и свежо млеко за вкусно и здраво смути. Евентуално можете да додадете сурови ореви, бадеми, тие исто така го зајакнуваат имунитетот.

Боровинки, во оваа сезона тешко можете да најдете пресни, но и доколку користите замрзнати ќе го добиете истиот ефект.


Зелен чај


Зелениот чај е совршен пијалок за вашиот имунолошки систем. Го снабдува организмот со супстанција наречена епигалокатехин галат или ЕГЦГ, која може да се бори против бактериите. Според истражувањето, супстанцијата може да го намали ризикот од развој на рак.

Исто така, зелениот чај ги чисти сите токсини од организмот и затоа во ново настанатата  ситуација со коронавирусот е добро да пиете барем по една чаша зелен чај дневно.


9 намирници за време на пост: Имунитет посилен од било кога