50 нијанси розово - Нови, совршени вински вкусови го освојуваат летото во градот
Ако поимот вино отсликува елеганција и префинетост, слобода, раскош и уживање, има вкус на грациозна поезија како што рекол Луј Пастер, тогаш розовото вино потсетува на мирисот на доцните, топли летни ноќи и рани утра, на најубавото розово зајдисонце, на слободата, свежината, страста и возбудливоста која со себе ја носи летото. А, овој пат летото со себе носи и нови, совршени вински вкусови во градот кои едноставно морате да ги пробате.
Пред да ви откриеме каде може да ги најдете, купите и пробате да ви објасниме зошто розе виното е најпосакуваноto за многу луѓе во текот на летните месеци. Розе виното е пијалок на културата, само присетете се на сликите во Италија, Франција, Шпанија или било која друга медитеранска земја каде во текот на летото највообичаената глетка се луѓето кои во рестораните и баровите се разладуваат со чаша розово вино со многу,многу лед. Таа култура и софистицираност сѐ повеќе се забележува и во Македонија со оглед на фактот дека имаме голем избор на добри македонски, домашни вина, но видливо се забележува и интересот да се проба нешто ново, односно да се дегустираат нови, странски вина кои ги има на пазарот.
Едно од местата во Скопје кое за прв пат понуди различно винско искуство и е единствено од овој тип во градот, со посебен, уникатен концепт е WineBerry– вински бар и продавница што нуди повеќе од 150 внимателно избрани вина, пријатна атмосфера, можност за дегустација и експертска консултација и сугестија за изборот на вино, а најважно од се пристапна и одлична цена на вината. Едноставно, место каде што комплетно, со сите сетила, може да уживате во прекрасниот вкус на виното кое ќе го изберете.
Во палетата на Wine Berry ЕКСKЛУЗИВНО може да ги најдете гореспоменатите свежи, нови и совршени вински вкусови кое ќе бидат обележје на летото -италијанското бунтовно Valdo Paradise и франциската елеганција на Chateâu Peyrassol
Покрај малопродажбата на овие вина која ексклузивно ја врши само Wine Berry, исто така ексклузивен договор за соработка е направен и со локалите INTERMEZZO , PANORAMIKA и SUSHICO каде може да ги пробате вината. Истите ќе може да се најдат и во повеќе други локали во Скопје и Охрид.
Италијалинското Valdo Paradise ја отсликува целата уникатност на Valdo винаријата која се наоѓа во близина на романтичната Венеција, регион кој е на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО. Приказна која започнува со силен семеен претприемачки дух предводен од страста кон виното и уметноста на негова изработка, зачинето со долгата традиција и исклучителна иновативност придонеле денес оваа винарија да е лидер и амбасадор на Prosseco во светот.
Valdo Paradise во себе ја содржи италијанската уметност, во нежно розова боја, со елегантен и мек вкус зачинет со освежувачка овошна арома и дискретен вкус на малина кои предизвикуваат совршена сензација и пријатност.
Дополнително уникатно за овој ,,вински рај’’што го прави уште попривлечен е и изгледот на шишето кој е дизајниран и рачно насликан од светски прославената американска дизајнерка и уметник, Ceci Johnson од CECI New York.
Елегантниот Chateâu Peyrassolја изразува сета финост, хармонија и сложеност на најдобрите вина од Прованса, регион во Југоисточна Франција кој е препознатлив по производството на дел од најлуксузните вина во светот.
Chateâu Peyrassol е со мека, бледа нијанса низ која се забележува розова рефлексија. Зрачи со свежина, а суптилната арома на цитрусно овошје, праска, кајсија и свежи цветови го прават исклучително ароматично.
Свежината на овие две вина кои од денес се достапни за продажба во себе го содржат вкусот на летото кој допрва треба да го откриете. Најголемата предност е што овие вина со премиум квалитет, произведени во исклучително квалитетни винарии може да ги купите по многу достапни цени и да си дозволите ,,парче мал рај’’ во кој ќе уживате.
Најдете го најдобро друштво, подгответе многу лед и Valdo Paradise или Chateâu Peyrassol и искусете го летото во 50 нијанси розово!