6-годишен херој: Го спаси животот на малата сестра при стравичен напад од куче

Шестгодишниот Бриџер го спаси животот на својата помалата сестра, откако куче и' се нафрли, во непровоциран напад.

Малото момче сега е вирално прогласен како херој, откако храбро спречи кучето да ја нападне неговата сестричка.

Бриџер (шест) од Вајоминг, Америка храбро се ставил во опасност откако го видел германскиот овчар како се приближува до сестричката и заврши со неверојатни 90 конци на лицето и главата.

Приказната за храброто момче ја сподели неговата тетка, Ники Вокер, која ја објави на Инстаграм, во обид детето да го добие признанието што го заслужува.

Таа напиша: „Мојот внук е херој што ја спаси својата малечка сестра од напад на куче“.

Таа продолжи да објаснува дека кога го прашала малиот Бриџер зошто го направил тоа што го сторил, тој едноставно рекол: „Ако некој требаше да умре, мислев дека тоа треба да сум јас“.

Бриџер бил одведен директно во болница, а за среќа сега е во ред и пуштен на домашно лекување.

Друг пост од неговата тетка гласи: „Откако неколку пати беше каснат на лицето и главата, ја зграпчи раката на својата сестра и трчаше со неа за да ја спаси.

Ники вели дека момчето е во одличен дух и неговата прекрасна личност е недопрена. Тој сè уште не може да се смее премногу широко.

Многу загрижени лица ги коментираа претходните постови на Ники, прашувајќи се за кучето и за неговите сопственици, а таа се обрати на ова, велејќи: „Исто така, овде би сакала да напоменам дека сопствениците на кучето се навистина одлични луѓе кои беа многу љубезни со Бриџер и неговата фамилија.
Воопшто не чувствуваме незадоволство кон нив и ако ништо друго, сега чувствуваме зголемување на љубовта меѓу нашите семејства како резултат на овој инцидент“.

Бриџер стана и почесен светски шампион на WBC boxing, кои му испратија појас.


извор: heart.co.uk